Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Клиника за детски болести: Не е првпат да примаме пациенти со дијабет

0
By Нова ТВ on July 24, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, July 24, 2018 17:14

Клиниката за Детски болести не прв пат прима пациенти со дијабет кои се во тешка состојба, информираат од ЈЗУ Клиника за Детски болести по денешното отворено писмо до јавноста на НВО Баланс МК кое откри дека за една недела на оваа клиника биле примени три деца во животна опасност поради „погрешно утврдена дијагноза“.

„На Одделот за Ендокринологија постојано се лекуваат пациенти со оваа дијагноза и се откриваат нови случаи. Токму поради тоа што се работи за сериозно заболување кое може да даде тешка клиничка слика, Здружението на педијатри од септември 2018 година планира да спроведе низа обуки и едукации кај матичните лекари за навремено препознавање на раните симптоми на болеста и првичен третман“, пишува во соопштението од клиниката.

Според податоците на Клиниката за Детски болести во периодот од 17  до 24 јули се хоспитализирани три деца со дијагноза дијабетес. Првиот од нив бил три годишно дете примено во болницата на 17 јули а упатено од матичниот педијатар „по направени првични анализи кои укажувале на дијабет“. По дадената терапија детето е пратено на домашно лекување, велат од клиниката.

Вториот пациент е деветгодишно дете примено во клиниката два дена подоцна. Било  пратено од Општата болница во Гевгелија примено со симптоми на дехидратација и првично било стабилизарано во болницата во Гевгелија, но по влошување на состојбата е пратено на дополнителни иследувања на Клиниката за детски болести. По неколкудневен третман состојбата на детето е подобрена. Тоа  се уште се наоѓа на скопската клиника за детски болести.

Од Клиниката уште информираат дека третиот пациент е 14 годишно момче од Охрид кое вчера било примено со возило на Брза помош во тешка состојба. Докторите велат дека првичните анализи укажуваат дека момчето боледува од дијабет.

Во тек е процедура во институциите за утврдување дали има пропуст во стручноста во водењето на трите деца со дијабетес тип 1, од Свети Николе, Гевгелија и Охрид, кои во состојба на кетоацидоза се примени во Клиничкиот центар во Скопје, изјави претседателката на Лекарската комора, Калина Гривчева Старделова.

„Првото дете од Свети Николе е примено во добра општа состојба и после неколку дена е испишано. Тоа брзо било препозанено и упатено на Клиника. Второто дете од Гевгелија се уште е на Оддел во Детската клиника. Тоа е донесено во состојба на кетоацидоза, брзо е извлечено од таа состојба и е стабилно. Во тек е процес на едукација на родителите на второто дете за справување со неговата болест“ рече Ставриќ.

Таа додаде дека една третина од децата со новооткриен дијабетес доаѓаат на Клиниката во стостојба на кетоацидоза, состојба опасна по живот.

Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МК денеска преку соопштение објави дека во последнава седмица три деца „поради човечката и пред се’ докторска некомпетентност и незнаење, односно погрешно “утврдени“ дијагнози биле доведени во животна опасност“.

Претседателката на Асоцијацијата за детски дијабетес на Македонија – Баланс МК Наташа Димитриевска рече дека бараат што побрзо да се истражи случајот, бидејќи, според нив, поради погрешно утврдена дијагноза трите деца биле доведени во животна опасност.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.