Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ужасната леснотија на говорот на омраза

0
By Биљана Секуловска on July 28, 2018 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 28, 2018 10:30

Љубителите на говорот на омраза може силно да ги запрепасти една вест која ми привлече деновиве внимание – донесена е првостепена пресуда на уредник на “Информер” во Вишиот суд во Србија, за кршење на забраната токму на говорот на омраза.

Можеби ќе помислите- ништо особено всушност не сторил овој уредник- вообичаена пракса за македонските уживатели на говорот на омраза: објавил вест за “странските платеници, соросоидите, шиптарите, домашните предавници, со еден збор- фашистите”, со наслов “Војна на странските платеници”.

Ви велам, ништо спектакуларно- некој можеби и ќе помисли- секојдневни вести во медиумите кои тука ги читаме и слушаме повеќе од една деценија, за нас, новинарите, активистите, професорите, активистите, она малку интелектуалци кои останаа борбени во оваа земја.

Сителовите сеачи на говор на омраза- Цаци и Сарма

Говорот на омраза беше објавуван со особена страст последнава деценија на груевизмот, и кај некои сè уште е на сила: разни миленковци, мирки, латасовци, ивони, цациевци, сарми, јанковци, кој сè  не, кои сè не, најпрво објавувани на порталите со едно заедничко име -куририте, а потоа вообичаено, хорски, по некој Павлов рефлекс, ги пренесуваа телевизиите Сител, Канал 5, Алфа.

Миленко Неделковски  со екс-премиерот Никола Груевски

“За шака соросови пари ја продадоа татковината, мајката и таткото”- тоа е една од пораките во овој текст на “Информер”, кој е идентичен на бестијалните македонски хајки,  кои исто, во манирот на новинарски касапски кучиња ја повикуваа Владата на Груевски да се справи со нас- странските платеници, агенти. Онака како што тоа елегантно го стори Путин, кој “граѓанскиот сектор финансиран од странците го стави под строга контрола на власта”.

Веројатно постојат закони кои никому, вклучувајќи ги и медиумите, не му дозволуваат, напротив, забрануваат  и ги санкционираат-идеите, мислењата, информациите, со кои се поттикнуваат омраза, дискриминација, насилство кон лица или групи на лица по разни основи. Секако дека постојат такви закони дури и во оваа земја, такви дела дури и тука, такви санкции дури и кај нас, секако дека постои преиспитување на одговорноста кај новинарите во доменот на влијание врз јавното мислење дури и во државава, секако дека постои цел на заштита на човековите права, во случај на повреда на забраната на говорот на омраза, дури и во Македонија.

Една од подобрите вести кои деновиве ги прочитавме секако дека е отворање предмет и покренување истрага на македонското Јавно обвинителство за говорот на омраза кој се однесува на текстови и коментари за трагедијата на грчките граѓани со пожарите во нивната земја.

На говорот на омраза, на злосторствата во оваа земја мора да им се стави крај- а се почнува со расплеткување на пајаковата мрежа на судиите кои груевизмот ги впи, ги вшмука, ги исцеди за да не остане ниту траг интегритет од нив. Затоа, оној момент кога ќе седнат и тие судии на обвинителна клупа заедно со своите парнери, наредбодавачи, газди, дури тогаш ќе можеме да го слушнеме чеканот кој пресудува: Во име на граѓаните на Македонија, виновни сте за говорот на омраза со кој поттикнувавте зла и злосторства од секаков вид. За никогаш повеќе ничии очи да не бидат ширум затворени.

 

 

Насловна фото: Наташа Крстевска, “Слободен печат” (извор “Окно”)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.