Dy-na-mix од Лондон во партнерство со Плажа Оревче од Охрид, и ова лето организираат забава насловена ‘After dark’ којa ќе се одржи на 1 август и на која ќе гостуваат неколку еминентни имиња од светската музичката танц сцена.
Anja Schnеider DJ, радио презентер од Берлин, ко-сопственик на легендарната музичка етикета Mobilee, креативна сила и ментор на голем број звучни имиња како: Pan Pot, Sebo K, Maya Jane Coles итн. Една од ретките дами во електронската музичка индустрија со над 20 годишно искуство, која неуморно се стреми кон споделување на страста кон музиката преку нејзината издавачка куќа, радио-брановите и неделните DJ настапи по светот, при тоа успешно жонглирајќи помеѓу семeјството и кариерата.
Mihai Popoviciu од Романија е еден од најиновативните имиња од Источна Европа кој од неговото прво издание за International Gigolo Records во 2005, се појавува со изданија на респектирани музички куќи како Fear of Flying, Diynamic, Poker Flat и Highgrade од Берлин. Mihai е еднакво добар и успешен DJ колку и продуцент, а ова лето тој и Anja за парвпат ќе настапат во Македонија како дел од музичкиот настан на Плажата Оревче во Охрид.
Eddie Richards, типичен пионер на танц музиката и „британскиот основоположник на хаусот и техното“ (Mixmag) е еден од првите диџеи кои ја промовираа хаус музиката во осумдесетите и кој израсна во клучна фигура на новото музичко и културно движење во светски рамки. Eddie Richards се истакнува како лидер на моментално феноменалниот пазар на тек-хаус звукот, но во реалноста тој само пушта застрашувачки добра музика која со децении ги придвижува подиумите низ светот.
Забавата почнува во 23 часот, влезниците се со ограничен број и се продаваат во Плажа Оревче во Охрид, Кафе Кино Карпош и Радио Бар во Скопје по цена од 800 денари.
Вечерта ќе ја отвори Илина Ангеловска од Скопје.