Дали сте се запрашале кога за прв пат сте се сретнале со Стравот? Кога бевте мали?, Kога за прв пат игравте криенка?, Кога се соочивте со првата пречка во животот?, По првото љубовно разочарување?, Отказот?, Кога за прв пат се качивте на највисоката точка?, Во лифт?, Во авион?… Сега, додека се потсетувате на стравот?
Ставете го палецот пред Вас! Фокусирајте се на нето. Забележувате ли дека се околу него е матно? Има толку многу работи околу него, но бидејќи фокусот е само на палецот, се друго изгледа небитно.
Ете, токму тоа е стравот.
Кога доаѓа во нашите животи, ние се фокусираме само на него, и сè друго околу нас станува матно и тотално неважно.
За да се започне битката со стравот, најпрво треба да дознаеме од каде доаѓа и која е неговата мисија.