Published: Wednesday, August 1, 2018 08:50
Пожар избувна синоќа на грчкиот остров Закинтос, кој брзо се проширил благодарение на силниот сув ветер.
Како што јави грчката агенција АНА-МПА, пожарот започнал во селото Каламаки и се шири на два огнени фронта.
Во гаснењето на пожарот учествуваат поголем број пожарникари, на кои од воздух им помага и хеликоптер.




