Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прослава на Илинден ќе има во Скопје, Крушево, Пелинце и Смилево

0
By Нова ТВ on August 1, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 1, 2018 12:43

Прославата на Денот на Републиката – Илинден, ќе се одржи под мотото „Наша Македонија“, соопштија од  Владата на РМ. Прослава ќе има на неколку локации: Скопје, Крушево, Пелинце и Смилево.

„Темата на Денот на Републиката  е ,Наша Македонија – без разлика на вера, етничка припадност, пол и убедувања. Бидејќи од дедо – прадедо си живееме како браќа и сестри на оваа земја! За право, за слобода и за човечки живот’, која е инспирирана од Крушевскиот манифест“, велат од Владата.

Претседателот Ѓорге Иванов ќе се обрати на Мечкин Камен, а претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе одбележува во Скопје.

Свеченостите во Скопје започнуваат во 10 часот пред спомениците на АСНОМ и на Никола Карев каде цвеќе ќе положат Џафери и  владина делегација составена од министрите за труд и социјална политика, за финансии и за дијаспора, Мила Царовска, Драган Тевдовски и Едмонд Адеми.

Истата делегација во 10: 30 часот ќе се поклони и ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ, Методиј Андонов Ченто. Во 10:45 свое обраќање ќе има претседателот на Собранието Талат Џафери.

Одбележувањето во Пелинце ќе почне во 11 часот, кога свежо цвеќе ќе положи владината делегација предводена од премиерот  Заев, а во чиј состав ќе биде вицепремиерот и министер за надворешни работи, Оливер Спасовски, како и министрите за надворешни работи, за правда и за култура, Никола Димитров, Рената Десковска и Асаф Адеми.

Во 11:30 часот е предвидено обраќање на премиерот Зоран Заев. На централното одбележување ќе настапи хорот Вардар, а ансамблот Танец ќе изведе неколку традиционални македонски ора, а културно уметничко друштво Емин Дураку ќе изведе сплет од албански песни и ора.

Премиерот Зоран Заев ќе го прославува Илинден и во Благоевград, Бугарија. Тој знаедно со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов ќе ја одбележат 115 – годишнината од Илинденското востание. Двајцата премиери ќе учествуваат на церемонијата на положување венци и свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, на плоштадот „Македонија“, во Благоевград.

Ова ќе биде втора заедничка прослава, по потпишувањето на Договорот за пријателство, соработка и соседство помеѓу Република Бугарија и Република Македонија пред една година.

На одбележувањето на годишнината, ќе присуствуваат и министерот за внатрешни работи на Република Македонија, Оливер Спасовски, како и вицепремиерот и министер за одбрана на Република Бугарија, Красимир Каракачанов.

На Мечкин Камен, во Крушево, Денот на Републиката и државните почести по повод годишнината ќе ги одбележи претседателот  Ѓорѓе Иванов.

Таму во 9:30 часот ќе биде положено свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, а во 10 часот на Споменикот на хероите – Слива. Точно напладне, односно во 12 часот, ќе биде положено свежо цвеќе на Мечкин Камен, по што следува обраќање на претседателот  Иванов.

На Мечкин Камен, ќе присуствува и владина Делегација составена од вицепремиерот Кочо Анѓушев, министрите за транспорт и врски, Горан Сугарески, за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и за здравство, Венко Филипче.

Илинден ќе се слави и во Смилево. Таму се обележуваат 115 години од Илинден и 76 години од првата борбена акција на Битолско – Преспанскиот Партизански Одред „Даме Груев“ – Ослободување на Смилево.

По тој повод, во 9 часот свежо цвеќе ќе биде положено на три спомен обележја: могила на Даме Груев – обелиск, на споменикот на Смилевските илинденци – обелиск и на спомен плочата на Партизанскиот одред „Даме Груев“.

Во Смилево, Владата ќе ја претставуваат министерот без ресор, Зоран Шапуриќ, заменик – министерот за локална самоуправа Дејан Павлески и националниот координатор за здравство, Гоце Чакаровски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.