Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кениски напад: Најмалку 59 мртви

0
By Нова ТВ on September 22, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 22, 2013 13:35


Бројот загинати во терористичкиот напад од саботата во луксузниот трговски центар во кениската престолнина Најроби, се зголеми на 59 загинати и повеќе од 200 ранети, јавува ББЦ, повикувајќи се на изјава на министерот за внатрешни работи на Кенија.

Кениските безбедносни сили се обидуваат да ја завршат заложничката драма од нападот на сомалиските исламисти, при што се уште не е познато колку лица се земени во заложништво.

Проценките се движат од седум до 36 заложници. Очевидци соопштија дека напаѓачите им дозволиле да го напуштат трговскиот центар Вестгејт само на муслиманите.

Според неименуван висок кениски функционер во нападот за кој одговорноста ја презема сомалиската исламистичка група Ал Шабаб, ранети се повеќе од 300 луѓе.

Меѓу убиените има и странци- Франција потврди дека две нејзини државјанки се убиени, додека американскиот Стејт департмент осудувајќи го нападот како „безумен акт на насилство”, објави дека се ранети тројца американски државјани. Меѓу убиените има и двајца Канаѓани, од кои еден е дипломат. Кинеската новинска агенција Синхуа, јави дека меѓу убиените е и една кинеска државјанка.

Терористичката група од десетина луѓе коишто зборувале на арапски и сомалиски јазик со употреба на автоматски пушки и гранати во саботата го нападна луксузниот трговски центар кој е особено посетен во текот на викендите.

Овој трговски центар претходно честопати беше посочуван како можна цел на терористички групи поврзани со глобалната терористичка мрежа Ал Каеда. Напаѓачите во неделата повеќе од 20 часа од нападот, се уште се забарикадирани во трговскиот центар кој е опкружен од силни армиски и полициски сили.

Објавувајќи ги податоците за жртвите на државната телевизија, кениските претседател Ухуру Кенијата соопшти дека меѓу загинатите има и членови на неговото пошироко семејство.

Преку социјалните мрежи сомалиската исламистичка група Ал Шабаба соопшти дека нападот е одмазда поради учеството на кениските сили во рамките на операцијата на соседните земји на Сомалија од 2011 година кога исламистите беа протерани од главниот град Могаишу и потиснати кон далечните провинции. Најавија, исто така, и нови напади во Кенија.

Високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Кетрин Ештон, изјави во неделата дека е ужасната од овој напад. „Ужасната сум од бруталниот напад врз невини граѓани во трговскиот центар Вестгејт во Најроби”, рече Ештон во соопштението изразувајќи сочувство до семејствата на жртвите

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.