НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петар за неделен ручек

0
By Нова ТВ on September 22, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Последниов период читав многу за пици во домашни услови. Од друга страна мојот пријател @zuberot ме прашуваше да најдам добро тесто за пица. Почнав да чепкам по блогови тука и таму и да пробувам разни комбинации се додека не го најдов вистинското.

За тесто:
– 500 гр бело брешно
– 200 мл млака вода
– 2,5 лажички сув квасец (во прав)
– 5 супени лажици маслинов зејтин
– 2 лажички сол
– 1 лажичка шекер

За фил (опционално):
– 10 супени лажици доматен сос (во наредни постови ќе постирам како да направите сами а доколку незнаете или ве мрзи добра замена е Mutti Pizza Sauce)
– 400 гр моцарела
– 20 парчиња тенко сечена унгарска салама
– 1 грст рукола
– десетина шери домати
– 30 гр пермезан (Parmagiano Reggiano или Grana Padano свежо изрендан)
Прво да ја пофалам @ElenaTrimceska и @RumShtangla кои што ми помогнаа за видеото, и @necovski кој што ни сметаше додека го снимавме. Ај сеа со зборови. За да постигнеме квалитетно испечено тесто на пицата таа мора да се пече во вистинска фурна на дрва. Меѓутоа ако не ви се наоѓа фурна при рака има доста добар трик како да го постигнете тоа. Купете една голема плочка од теракота или керамика (јас најдов повеќе помали стари плочки) но прашајте го продавачот да нема глазура односно да има чисто лице.

Исперете ја и оставете ја плочката да се кисне во вода. Користете само вода никако хемикалии бидејки теракотата упива течности и нејќеме истите да навлезат во пицата. После 20 минути извадете ја плочката и оставете ја да се суши преку ноќ на суво. Пред да почнете да правите пица пуштете ја фурната на 220 степени или појако и оставете ја до 1 час плочката да апсробира топлина. Доколку прв пат печете на плочката, загрејте ја и печете ја 2 до 3 часа за да се истисне влагата од нејзе повремено отварајки ја фурната да излезе пареата доколку се создаде. Плочката секогаш ставајте ја во ладна фурна пред да се загрее, и вадете ја кога фурната целосно ке се олади. Доколку не го направите тоа има голема веројатност плочката да пукне. Плочката помага за 2 работи кога станува збор за печење пица и тесто. Прво ја пече пицата одоздола и рамномерно ја шири топлината. Второ ја впива течноста од тестото и така создава корка на долната страна на пицата. Исто така се верува дека и дава посебен шмек и мирис.

Сеа да почнеме со пицата. Ставете го брашното на работна површина. Направете вдлабнатина во средината и додадете го квасецот, солта, шекерот, маслиновиот зејтин и водата. Почнете да мешате со вилушка пополека потфаќајки од брашното а потоа почнете да месите. Внимавајте работната површина да ви биде цело време наросена со брашно за да не се лепи тестото додека месите. Месете 10 до 15 минути или додека не добиете конзистенто тесто. Напрашете еден сад со брашно и ставете го тестото покриено со крпа. Идеална температура за нараснување на тесто е нешто под 30 степени. Така да ако е поладно во собата ставете го поблиску до парно или шпорет. Оставете го тестото да наресно најмалку 30 минути, но подобро еден час.

Од оваа количина ке добиете две пици кој ќе имаат големина колку плех за печење. Затоа поделете го тестото на две без многу да го притискате за да не излезе воздухот од квасецот и размесете ги пиците. На една даска за готвење отприлика голема колку плех поросете брашно за да може тестото лесно да се лизга по даската и ставете го тестото. Направете граници по ивиците. Нанесете од доматниот сос 4 до 5 лажици на една пица. Потоа насечете ја моцарелата на тркалца и наредете ја. Пицата стевете ја директно на плочката да се пече на тој начин што со брзи и нагли мали движења на даската на која што се наоѓа, да не речам на “сец” ке ја излизгате пицата врз плочката која исто така треба да биде поросена со брашно. Печете 10 минути а потоа набрзина наредете ја унгарската салама и продолжете да печете уште 5 минути.

Во еден сад искинете ја руколата на поситни парчиња додадете ги шери доматите исечени на четвртинки малце маслинов зејтин и промешајте.

Со еден голем нож одлепете ја пицата од плочката доколку се залепи и на истиот начин со лизгање вратете ја на даската. Оставете ја 2 до 3 минути да олади а потоа наредете малце од свежата салата со шери домати и рукола одозгора, полијте со малце маслинов зејтин и за крај додадете малце пермезан.

Мислам дека ова беше една од подобрите пици што сум ги направил до сега. А истото го мислеа и гостите кои испуштаа звуци во стилот на Алачки. Мх мх мх…

http://receptitenapetar.blogspot.com/

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.