Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црвен топлотен аларм во Европа и Азија: Температури и до 47 степени

0
By Нова ТВ on August 2, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 2, 2018 18:02

Делови од Европа и Азија деновиве се соочуваат со невообичаен високи температури, а во голем број земји издадени се предупредувања поради горештините.

Во Португалија горештините се предизвикани од топлотниот бран од Сахара, а за претстојниот викенд најавена е температура од 47 степени Целзусови.

Предупредување на опасност од високи температури издадено е и во Шпанија, а под висок ризик од топлотниот бран се 40 од 50 шпански провинции.

Во Полска електроцентралите работат под посебен режим поради зголеменото користење на вентилатори и клима уреди, а во Варшава граѓаните се советувани да не ги напуштаат домовите ако не мораат.

Австрија поради подолгиот период на суша има проблем во снабдувањето со вода за пиење, поради што  почна да увезува вода.

Во источниот дел на Франција е прогласен портокалов аларм поради високите температури. Според метеоролозите земјата го преживува најжешкото лето од 2006 година.

Во 18 италијански градови денеска е објавен црвен аларм бидејќи се очекува температурата на воздухот да се искачи до 40 степени Целзиусови. Предупредување се издадени за Рим, Милано, Џенова, Верона, Венеција и други градови.

Од вчера на целиот брег на Јадранско Море е прогласен црвен аларм поради високите температури на воздухот, додека во подрачјето на Загреб  – портокалов, а во регионот на Осијек е прогласен жолт аларм.

Невообичаено високи температури забележани се и на азискиот континент.

Северна Кореја денеска повика на „сеопфатна битка“ против рекордно високите температурио кои се искачија до 40 степен.

Во Јужна Кореја исто така се забележани рекордни горештини, над 39 степени, што можеби се највисоки во последните 110 години, а починаа 29 лица, додека 2.350 се повредени.

Во јули и Јапонија беше погодена од топлотен бран, при ншто загинаа 116 луѓе.

топлотен бран
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.