Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европските сопартијци бараат партиски мерки против Орбан

0
By Нова ТВ on August 3, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 3, 2018 10:27

Пратеничката во Европскиот парламент од Шведска од редовите на Европската народна партија (ЕПП) и сопруга на поранешниот шведски министер за надворешни работи, Карл Билт,  Ана Марија Кораца Билт, во колумна објавена во „Политико Европа“ бара од нејзината политичка групација да преземе мерки против унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Кораца Билт оценува дека контроверзниот унгарски премиер ги преминал границите и ги повикува лидерите на ЕПП да „разјаснат каде стојат во однос на Фидес“, партијата на Орбан, пред наредниот конгрес на партијата во ноември во Хелсинки.

„Што е многу, многу е. Многу европски граѓани се прашуваат каде стои ЕПП. Не можеме повеќе да си дозволиме да ги минимизираме политичките случувања во Унгарија. Мора нашата внатрешна дебата да стане јавна и да се одлучиме на што сме. Најголемата опасност за нашата партија е нападот врз нашите вредности, а не последиците од нашата одлука да ги браниме“, пишува европратеничката.

Кораца Билт исто така е и потпретседателка на Комисијата за родова еднаквост при ЕПП.

Меѓу одлуките на Владата на Орбан, кои ги смета за напад врз вредностите на нејзината политичка група, таа ги наведува на мерките на во делот на миграциската политика: криминализацијата на хуманитарците кои им помагаат на мигрантите и одбивањето Унгарија да биде дел од солидарните механизми за прераспределба на азилантите во ЕУ. Според неа, Орбан ја кочи можноста Европската унија да ја реформира и да создаде вистинска заедничка европска политика на азил.

„Во јуни, Фидес воведе уставна реформа со која станува нелегално „странско население“ да се етаблира во Унгарија. Со тоа се уништи секакво потенцијално ЕУ решение за миграцијата. ЕПП верува оти миграцијата е европско прашање кое бара европско решение. Партијата ги споделува клучните принципи на европската солидарност“, пишува таа.

Кораца Билт ги критикува и нападите на Фидес врз академснките слободи, алудирајќи на ограничувањата воведени кон Централноевропски универзитет на Џорџ Сорос во Будимпешта, како и анти-ЕУ кампањите на Влада на Орбан.

Европратеничката смета дека ЕПП треба да биде загрижена и за поддршката што Орбан му ја дава на рускиот претседател Владимир Путин и неговите повици да им се стави крај на санкциите на ЕУ кон Москва.

Членството на партијата Фидес во ЕПП одамна претставува трн во окото на најголемата парламентарна група во Европскиот парламент и нејзините политики редовно предизвикуваат остри дебати во јавноста, но и зад затворени врати. Сепак, извори во ЕПП редовно објаснуваат дека речиси не постојат шанси да се преземат мерки против Орбан непосредно пред европските избори во 2019 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.