Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Не)одржливост:На 1 евро странски заем–0,8 евра новосоздадена вредност

0
By Нова ТВ on August 3, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 3, 2018 20:12

Со ниво на јавен долг од 5 милијарди евра и Бруто надворешен долг од рекордни 8 милијади евра, продолжува трендот на раст на задолженоста на државата, но клучно е прашањето за што и каде завршуваат заемите и дали темпото на задолжување соодветно влијае врз економскиот раст – коментираат економистите во анализата на Порталб.мк.  

Од 2010 та година до март, 2018 година, бруто надворешниот долг е зголемен за фантастични 3,3 милијарди евра. Според последните достапни податоци тој изнесува 78,7% , со што земјава, според овој критериум,  останува во групата на високо задолжени економии

Јавниот долг во пораст – експертите предупредуваат на внимателсност … 

Пензиските фондови, банките и осигурителните компании се најголемите владини кредитори, кои откупиле повеќе од 80 отсто од државните хартии од вредност. Имено, најголем кредитор на домашниот пазар се пензисите друштва со удел од 37,10%, на кои државата по основ на записи и обврзници им должи 558,5 милиони евра, следуваат банките со удел од 36,07% и откупени хартии од вредност во висина од 543,0 милиони евра и осигурителните компании кон кои долгот изнесува 109,5 милиони евра. Вкупниот Јавен долг заклучно со првиот квартал од годинава изнесува 5,08 милијарда евра или 47,2%. Како апсолутен износ тој е во пораст, додека како процент од Бруто домашниот производ, во однос на состојбата на крајот од 2017 година, тој е намален.

 Структура на Јавен долг

Вкупен Јавен долг        5,084 милијарди евра

Надворешен долг         3,479 милијарди евра

Внатрешен долг            1,605 милијарди евра

Во најновиот извештај Народната банка регистрираше пораст на надврешниот јавен долг, кој е дел од вкупниот Јавен долг.

 “Вкупниот јавен долг, на крајот на првиот квартал од 2018 година  изнесува 48,2% од БДП, што претставува зголемување од 0,7 п.п. во однос на претходниот квартал. Промената во најголем дел произлегува од зголемувањето кај надворешниот долг (од 31,7% на 33,7% од БДП), при умерен пад на внатрешниот долг (од 15,9% на 15,2% од БДП). Вкупниот државен долг во првиот квартал се зголеми за 1,2 п.п. од БДП, додека намалување за 0,5 п.п. од БДП на квартална основа беше забележано кај долгот на јавните претпријатија“ – се наведува во последниот објавен извештај на НБМ“ – наведуваат од Народната банка.

 Се додека со домашните и странските заеми се поттикнува економијата а во исто време не се загрозува финансиската одржливост – задолжувањата се оправдани, коментираат економисти за “Порталб“.

 “Со јакнење на производниот капацитет на домашната економија, не само што се зголемува домашната понуда со стоки и услуги од домашно потекло, туку се намалува потребата од зголемен увоз, додека зголемувањето на новосоздадената вредност, овозможува не само покривање на потребите на домашната потрошувачка, туку се создава и вредност со која може да се вратат позајмените средства и трошоците од нивно позајмување, без при тоа да се зголеми фискалната пресија и без да се пристапи на ново и ново задолжување.Сите изминати години ние спротивното го правиме, доволно не се вложува во зголемување на производниот капацитет на домашната економија, немаме подинамичен економски развој оти малку се инвестира во зајакнување  на физичкиот и човечкиот капитал и капацитет, недоволно се вложува во изградба на инфраструктурни објекти, како патишта, железница, воздушниот, телекомуникационит и друг вид сообраќај. Како последица на се ова  ја имаме актуелната состојба, ниска стапка на економски, раст, ниско ниво на конкурентност на домашната економија, зголемен дефицит во надворешно трговската размена, хроничен дефицит во тековната сметка, зголемен вкупен, државен и јавен долг, оти ние постојано се повеќе и повеќе се задолжуваме“  – вели универзитетскиот професор Семи Бислими.

Во новообјавената Фискална стратегија 2019-2020 година, Владата предвидува натамошен раст на задолженоста до 60% од БДП, но најавува дека  ќе биде строго контролирана, односно се планира нивото на јавниот долг да биде во одржливи рамки, без притоа да се  наруши фискалната одржливост.

“На среден рок се очекува умерено зголемување на вкупниот јавен долг до 54,8% од БДП во 2020 година и потоа намалување на 53,8% од БДП во 2021 година, што е значително под утврдениот лимит за среднорочно и долгорочно ниво на јавниот долг. Во 2018 и 2019 година се очекува интензивирање на инвестициите во областа на патната инфраструктура, кои се имплементираат со заеми гарантирани од државата “– се посочува во документот на Министерството за финансии.

Грантираниот долг на Јавните претпријатија, односно задолженоста зд која како гарантор е државата, изнесува 814 милиони евра

 

Темпо на задолжување и каде се трошат заемите …

Според економистите, важни се две прашања –  темпото на задолжувањеи  прашањето каде и за што се трошат заемите.  и за тоа за што се трошат позајмените пари.

 “Од сето тоа што како позајмица е земено на финансискиот пазар или не се инвестира соодветно, или ефектите од инвестициите се никакви, или пак, постои високо ниво на злоупотреба со јавните средства.. Според податоците на НБМ. Бруто надворешниот долг (јавен и приватен) во периодот 2006-2017 е зголемен за повеќе од три пати, додека дополнително додадената вредност во истиот период е зголемена за нешто повеќе од два пати. Вкупната дополнителна-маргинална додадена вредност во периодот 2006-2017  е помала од износот на надворешно задолжување, што значи дека, на секое едно евро вкупно надворешно задолжување имаме раст на новосоздадената вредност од 0,88 евра, што укажува на фактот дека, дополнителната новосоздадена вредност е недоволна за навремено покривање на позајмените средства и трошоците на позајмувањето“ – вели професорот Бислими.

 И податоците за надворешната задолженост покажуваат тренд на пораст –  Бруто надворешниот долг на крајот од првиот квартал од годинава достигна 8,3 милијарди евра или 78,7% од БДП. Споредбената анализа на податоците што ја направи “Порталб“ покажа дека од 2010 година до крајот на март 2018 година, надворешната задолженост (со вклученост на сите сектори) е зголемена за 3,3 милијарди евра.

 Движење на Бруто надворешениот долг

2017 година       7,403 милијарди евра

2016 година       7,216 милијарди евра

2015 година       6,290 милиајрди евра

2014 година       5,992 милијарди евра

2013 година       5,219 милијарди евра

2012 година       5,171 милијарди евра

2011 година       4,846 милијарди евра

2010 година       4,105 милијарди евра

Од вкупниот надворешен долг, 2,88 милијарди евра отпаѓаат на државата, и тоа најголем дел 2,86 милијарди се долгорочни обврски. Надворешната излошеност на НБМ изнесува 369,5 милиони евра, на приватниот сектор 2,23 милијарди евра. Пораст од 300 милиони евра има и кај приватниот и кај  јавниот надворешен долг.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.