Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Книжевна вечер со писателот и преведувач Душко Новаковиќ

0
By Нова ТВ on September 23, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 23, 2013 10:26

Издавачката куќа „Готен“ и Независни писатели на Македонија во Арт-кафе „Менада“ организираат Книжевна вечер со писателот и преведувач Душко Новаковиќ, кој е прв гостин на првата резиденцијална програма „Скопје 2013“ за книжевници (автори и преведувачи) од Југоисточна Европа.

Програмата, под мото „Апсолутно модерен“, ја организира „Готен“ под покровителство на мрежата „Традуки“. Авторите-гости на резиденцијалната програма ќе работат на своите дела или преводи, ќе посетуваат културни настани, организации и институции, а преку јавен настан ќе бидат претставени и на скопската сцена.

Покрај Душко Новаковиќ од Србија, кој во Скопје престојува од 1 септември до 1 октомври, гости на првата резиденција ќе бидат и Дарија Жилиќ од Хрватска во октомври и Беким Сејрановиќ oд Словенија во ноември.

– Целта на програмата е да им овозможи на авторите од регионот подобро да се запознаат со книжевната, интелектуалната и културната сцена во Скопје и во Македонија и да остварат продлабочени и трајни контакти, кои во перспектива ќе ги направат пријатели и амбасадори на македонската книжевност и култура во регионот и во светот, соопшти „Готен“.

Душко Новаковиќ (1948) е долгогодишен препејувач и преведувач на македонската литература на српскохрватски јазик. Досега превел педесетина наши поети. Автор е на повеќе избори на современата македонска поезија објавувани повеќе од 35 години низ српската и црногорската книжевна периодика. Автор е на големата антологија на современата македонска поезија „Сон над хартијата“, објавена во Црна Гора (ОКФ Цетиње 1999).

Новаковиќ се школувал во Македонија, Црна Гора и во Србија. Студирал југословенска и светска книжевност на Филолошкиот факултет во Белград. Има објавено повеќе од 20 книги поезија, од „Зналец на огледалото“ (1976) до „Забава на столчените“ (2012). Застапен е во многу антологии во земјата и во странство, преведуван на повеќе странски јазици. Добитник е на голем број значајни српски и југословенски награди за литература.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.