НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Двајца битолчани се осомничени за говор на омраза на Мечкин Камен

0
By Соња Петрушевска on August 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Полицијата во Прилеп поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Прилеп, против М.Д. (24) и Ѓ.Д. (19), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнeние за сторено кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“, казниво по член 319 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

„Во врска со настаните во Крушево на 2 август во полициска станица се повикани повеќе лица и по документирањето на случаите и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“ соопштуваат од МВР.

Од Основното јавно обвинителство Прилеп известија дека преземаат „дејствија за утврдување на факти и прибирање докази во врска со нападите и говорот на омраза кои беа изречени за време на одбележувањето на државниот празник на Мечкин Камен“.

Во пријавата од полицијата, пишува дека  двете лица организирано присуствувале на прославата на Мечкин Камен како дел од  група составена од навивачи од повеќе навивачки групи.

За време на положувањето на цвеќе од страна на присутните делегации провопријавениот М.Д., второпријавениот Ѓ.Д. и други лица, стоејќи во непосредна близина до ВИП ложата, спроти бината каде се одржувала манифестацијата, скандирале навредливи пораки со што сториле кривично дело „предизвикување омраза, раздор, или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа, пишува во пријавата од МВР.

Тие се снимени,  а видео записот бил емитуван на една од националните телевизии.

За време на одбележувањето на Илинден на Мечкин Камен, каде говореше претседателот Иванов, дел од присутните упатија навреди и говор на омраза кон Албанците, извикувајќи недолични и безобразни слогани. За време на положувањето цвеќе пред споменикот тие пееја „Македонија на Македонците“ и извикуваа „шиптарски пи*ки“, „мртов шиптар, добар шиптар“, „за шиптари гасна комора“.

Истата група  потоа фрлаше и пластични шишиња кон владината и странската делегација во која беше и  заменик- помошникот Државен секретар на САД за Европа и Азија, Метју Палмер.

 

 

говор на омраза Мечкин Камен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.