Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наскоро обесштетување од непогодите во 2016 и 2015 година

0
By Нова ТВ on August 7, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 7, 2018 14:11

Министерството за земјоделство очекува во најскоро време да почне обесштетувањето од поплавите и временските непогоди за 2016 и 2015 година. Процесот е се уште блокиран, но спорната уредба е укината. Предметите се во надлежната владина комисија, а подготвена е и Информацијата што треба да помине на седница на Владата. Потоа ќе стартува и исплатата на средствата, најави денеска шефот на Кабинетот во Министерството за земјоделство Трајан Димковски.

Одговорајќи на новинарски прашања, Димковски рече и дека за обесштетување на земјоделците од временските непогоди во 2018 година се уште нема конкретна бројка зашто проценката е во тек.

– За 2017 година сумата што треба да се исплати е околу четири милиони евра. Според Платежната агенција, делот во Ресенско е целосно исплатен. Останатите штети се исплаќаат, но колку точно од четирите милиони се исплатени во моментов не можам да кажам. За земјоделските површини не е направено ништо во 2016 година. Постапката е заглавена поради фамозната уредба која го кочи целиот процес. Барањата се стигнати до владината комисија за штети, треба да бидат препратени во Министерството за земјоделство. Но, ние не можеме да постапиме зашто парите се исплаќаат преку Платежната агенција која, пак, работи по индивидуални случаи, а не по елаборати на општини во кои може да бидат опфатени 1.000 или 2.000 земјоделци. Тука е застаната целата работа. Подолго време се обидуваме да го откочиме процесот, објасни Димковски.

Во врска со осигурувањето на земјоделските површини, тој потенцира дека трендот на намалување продолжува. Во 2015 година имало 5.000 полиси, а лани само 2.000.

– Земјоделците имаат проблеми со осигурителните компании, но најголем проблем поради кој тие не ги осигуруваат посевите е нивното размислување „зошто да осигурувам, кога државата ќе ми ја плати штетата 100 отсто“. Трендот, за жал, се намалува иако државата за ова обезбедува 60 проценти поддршка, истакна Димковски

земјоделци обештетување поплави 2015- 2016
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.