Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Марјан Шарец предложен за нов словенечки премиер

0
By Нова ТВ on August 8, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 8, 2018 15:52

Пет словенечки партии денеска постигнаа договор за формирање коалициска влада на левиот центар и го предложија Марјан Шарец за нов премиер на Словенија.

Шарец се најде во позиција да стане словенечки премиер, откако конзервативната Словенечка демократска партија (СДС) на Јанез Јанша, која победи на парламентарните избори на 3 јуни, не успеа да најде коалициски партнери за обезбедување мнозинство во Парламентот.

Петте партии што ќе ја формираат идната владата – Листата на Марјан Шарец (ЛМШ), Социјалните демократи (СД), Партијата на модерниот центар (СМЦ) на актуелниот премиер Миро Церар, Партијата на Аленка Братушек (САБ) и Демократската партија на пензионерите на Словенија (ДЕСУС), заедно имаат 43 места во Државниот збор или три помалку од неопходните 46 за парламентарно мнозинство.

Неопходните гласови за избор на малцинската влада на Шарец, петте партии сепак ќе ги обезбедат со поддршка на деветмината пратеници на партијата Левица, која одби да влезе во владината коалиција, но се согласи да го поддржи новиот кабинет, откако беа прифатени нејзините барања за јавно достапен здравствен систем, за зголемување на коефициентот за пресметување на пензии, за утврдување на минимална пензија од 620 евра и за зголемување на висината на минималната плата.

Се очекува словенечкиот Парламент да гласа за изборот на Шарец за премиер на 17 август. Доколку биде избран за премиер, Шарец ќе има рок од 15 дена да ја фоемира својата влада.

Шарец е поранешен актер и актуелен градоначалник на Камник. Тој беше кандидат за претседател на Словенија на изборите во октомври минатата година, при што успеа да се пласира во вториот круг, каде беше поразен од актуелниот словенечки претседател Борут Пахор.

Една од првите задачи на новата словенечка влада ќе биде приватизацијата на најголемата банка во Словенија, Нова љубљанска банка (НЛБ), чиј сопственик е државата. Словенија се обврза да продаде 75 проценти од акциите на НЛБ, во замена за одобрение од Европската комисија за доделување државна помош на банката во 2013 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.