НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Демант од Министерството за здравство

1
By Нова ТВ on August 9, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министертвото за здравство испрати демант во врска со текстот објавен на НОВА во кој се вели дека министерот Филипче потпишал договор без тендер за бункерот за акцелератор во Клиничката болница во Штип. Го пренесуваме во целост.

„Во врска со објавата на НОВА ТВ од 08.08.2018 во 18.49 часот – „Министерот Филипче потпишал договор од 700 000 евра без тендер“,  Министерството за здравство ги отфрла инсинуациите и шпекулациите наведени во текстот.

Имено, Министерството за здравство потпишало варијација на веќе постоечки договор, а не како што се наведува во текстот нов договор. Тоа го наведува читателот на сериозна заблуда која што низ текстот се доградува.

За појаснување, Варијација се потпишува на веќе постоечки договори кога за тоа постојат оправдани причини (причини кои во овој случај е надлежен да ги цени банката кредитор со давање на No objection, односно врши претходна проверка) и се однесува на средства кои се веќе алоцирани со договорот, односно средства од резерва „contingesy“. При тоа треба да се има во предвид дека се работи за FIDIC форма на договор, а постапката за јавна набавка како и за понатамошната имплементација се вршат по правила и процедури на кредиторот. Истото е предвидено во Законот за задолжување на Република Македонија кај Банката за развој при Совет на Европа, односно предвидено е изземање на Законот за јавни набавки.

Уште еднаш потенцираме дека техничката мисија на кредиторот изврши увид и на лице место и изврши увид во целокупната документација, го констатираше фактот дека веќе има два неуспешни договори за истиот објект, утврди дека објектот на болницата и објектот на акцелераторот претставуваат функционална и локациска целина, а имајќи во предвид дека и се финансираат од ист меѓународен финансиски извор (ЦЕБ) и поради сето тоа беше даден No objection за потпишаната варијација.

Сето ова значи дека биле и се исполнети сите правни претпоставки за потпишаната варијација и истата како финален документ е повторно доставена на увид.

Авторот на текстот прави целосно вадење на фактичката ситуација од реалниот контекст и низ призмата на несоодветни фрази и формулации се прави дисторзија на реалната слика која што е во целост во согласност со апликативните позитивно правни норми.

Поради тоа, бараме во врска со овој текст да биде објавен нашиот демант, како и да биде објавено извинување и целосно повлекување на споменатиот текст.

Одговор од НОВА:

НОВА во текстот веќе го објави одговорот на Министерството за здравство(со речиси иста содржина како во текстот од Демантот) и поради тоа е нејасно што ресорното Министерство демантира кога веќе се изјасниле. Но, секако должи многу одговори на јавноста, за кои НОВА ќе испрати дополнителни прашања и ќе ја побара документацијата на увид.

Едно од тие прашања е како може да се направи варијација на договор кој е прикажан како основен, кога се знае дека основниот договор е со буџетски средства во вредност од 860 000 евра, а не со кредит, како што може да се види и од информација објавена на веб страната на Владата во 2014 година.  Доколку бункерот се финансирал со средства од Банката за развој на Советот на ЕУ, тогаш немало потреба од варијација.

НОВА нема да се извини, ниту ќе го повлече текстот, а од Министерството за здравство, како и од Проектната единица која го води проектот со изградба на болницата, очекува одговори и документи на увид, согласно Законот за слободен пристап до информации,  кои потоа во наредните денови ќе и бидат презентирани на јавноста.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.