Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Министерот Филипче потпишал договор од 700 000 евра без тендер

3
By Менче Атанасова Точи on August 8, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 8, 2018 18:49

Министерот за здравство Венко Филипче потпишал договор во четири очи, без да распише тендер, за изградба на бункер за акцелератор во Клиничката болница во Штип, дознава НОВА од добро упатени извори во оваа проблематика. Станува збор за договор во вредност од 700 000 евра со грчка фирмата Интеркат која веќе ја гради Клиничката болница, а подизведувач е фирмата Бетон Штип.

Бункерот чии темели беа ставени уште пред четири години, не е составен дел од болницата и неговата изградба не е предвидена во договорот за изградба на болницата(болницата се гради со кредитната линија од Банката на советот на Европа во вредност од  34 милиони евра).

На свеченото сечење ленти кога беа ставени темелите на бункерот во 2014 годинина, тогашниот министер Тодоров најави дека за една година ќе бидат завршени работите. Бункерот е објект со специјално заштитени sидови за да нема зрачење преку нив, а во него треба да биде сметен акцелераторот за зрачна терапија на болните од рак. Но, од тоа не се случи ништо, а изградбата ја следат скандали од самиот почеток.

Во 2015 година, изградбата на бункерот и е доверена на битолската фирма Мак строј која требало објектот да го заврши за една година. Но, работите се развлекоа и поради ненавремено завршување на објектот и пречекорување на рокот, на фирмата и е активирана банкарската гаранција од 100 000 евра. Со тоа запре работата на бункерот.

За тоа време,  акцелераторот четири години стои нераспакуван и е надвор од функција. Пациентите болни од рак на зрачење се праќаат на Клиниката за онкологија во Скопје.

Сега, наместо да распише тендер на кој ќе се јават повеќе фирми и ќе има конкуренција во однос на цената и понудениот квалитет, министерот Филипче одлучил изградбата да ја довери на фирмата која ја гради болницата и тоа да го направи со договор во четири очи.

НОВА побара објаснување од Министерството за здравство каде потврдија дека немало тендер, но, велат тие направиле варијација во договор со Банката за развој при Советот Европа (ЦЕБ) и тоа е направено по препорака на Банката следејќи ги и применувајќи ги процедурите и рамките пропишани од банката кредитор.

 „Потпишана е варијација за финализирање на градежните работи со фирмата Интеркат од Грција, која е актуелен изведувач на КБ Штип. Имено, бункерот за акцелератор претставува една целина со самата болница и по функција и физички, се наоѓа во рамки на болницата, па согласно горенаведените процедури произлезе и варијацијата, се со цел навремено завршување на целиот проект за изградба и модернизација на регионалната Клиничка болница во Штип.

Согласно процедурите на Банката за развој при Советот Европа од кој кредит се финансира и градбата на болницата и на бункерот, постапено е по правилата за набавка на кредиторот и по претходно добиена согласност од ЦЕБ и потпишана е варијација на договорот со актуелниот градител на КБ Штип, се вели во одговорот на Министерството за здравство.

Од таму потенцираат дека пред оваа постапка, увид бил извршен и од техничка мисија на кредиторот, во рамки на која било утврдено дека двата објекта се функционална целина и дека овој пристап е најсоодветен за истото.

Сепак, упатените во проблематиката велат дека ваква варијација може да се направи само на основниот договор, но бункерот претходно не бил составен дел од тој договор.

 „Тендер мора да има без разлика што бункерот ќе се гради со пари од кредитот кој треба да го исплаќаат граѓаните на оваа држава. Тоа што е добиена дозвола од Банката не го амнестира министерот Филипче да распише тендер и преку јавен оглас да се отвори можност да се јават повеќе фирми за да се избере најдобрата понуда. Во спротивно, тоа е кривично дело“,  потенцираат извори за НОВА.

НОВА се обрати и Бирото за јавни набавки за да објаснат дали договорот е во согласност со некој сегмент од законот и дали е можно да се склучи договор без тендер, во случај кога не станува збор за донација. Од таму, иако ветија дека ќе испратат одговор, тоа не се случи до објавување на текстот.

Инаку, освен што се влече изградбата на бункерот за акцелераторот доцни и изградбата на Клиничката болница во Штип. Според информации на НОВА во јануари истекува рокот кога треба да биде завршен објектот, а завршени се само 24 отсто од работите. Неофицијално, на фирмата Интеркат и Бетон Штип платено им е однапред за работата проценета во вредност од 34 милиони евра.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.