Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во ИСИС активно се борат 15 македонски државјани

0
By Соња Петрушевска on August 10, 2018 ВЕСТИ
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 10, 2018 16:42

Безбедносната ситуација е мирна и нема терористички закани за Македонија. Можностите од такво загрозување постојат како и секаде, но нема  индикатори во моментов за таква закана, проценуваат  безбедносните служби во земјава.

Истите извори објаснуваат дека Македонија се согласила на репатријација на седумтемина нејзини државјани кои се бореа во Сирија и Ирак за да има контрола врз нив. Одбивањето значи да се нема контрола врз овие луѓе кои можат да избегаат или да бидат пуштени од заробеништво, а потоа некој може и да се врати дома, коментираат безбедносни експерти.

Во вторникот наутро седум македонски државјани кои се бореле на страната на ИСИС  беа транспортирани со воен авион во Македонија – акцијата била спроведена во соработка со Глобалната коалиција за борба против тероризмот, по што следувала нивна идентификација со форензичка анализа од МВР и одлука за притвор. Лицата се од Скопје, Тетово, Гостивар и од Прилеп кои биле врбувани од оџата Реџеп Мемиши од џамијата Тутунсуз во Скопје.  Некои од нив биле уапсени пред една година, а други пред неколку месеци и биле заробени од Сириските демократски сили, по што биле предадени на Глобалната коалиција предводена од САД. Против нив биле распишани меѓународни потерници преку Интерпол уште од 2015 година.

Еден од нив во Македонија ќе одговара за учество во терористичка организација, а другите шест за учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации. За сите  лица има цврсти докази за делата што ги сториле.

Во моментов на страната на ИСИС има околу  15 активни борци од Македонија. Неофицијално, вкупниот број на лица кои заминале во Сирија, се вратиле, биле логистика, идеолози или загинале е 156. Од нив повратници се  83. Во затвор во Турција има три лица, во македонските затвори 23, а 57 се на слобода. На боиштата за Исламската држава загинале 35 македонски државјани. На боиштата во Сирија заминале и 9 жени од Македонија кои таму родиле и деца.

Бројот на оние кои заминуваат е драстично намален по дополнувањата  во Кривичниот Законик во 2014 година и со делото за учество во странски војски, но безбедносните проценки покажуваат дека и натаму има обиди за регрутирање на нови членови.

борци ИСИС македонски државјани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.