Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Монсанто“ треба да плати 289 милиони долари на маж кој заболел од рак

0
By Нова ТВ on August 11, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, August 11, 2018 16:29

Судот во Сан Франциско пресуди дека аграрниот концерн Монсанто е одговорен што 46 годишниот Дивејн Џонсон заболел од рак на лимфните жлезди и поради тоа треба да му исплати оштета во висина од  289 милиони долари.

Дивејн Џонсон, 46-годишен поранешен тренер, освои огромна победа во историскиот случај, при што поротата утврди дека хербицидите на Монсанто го предизвикале ракот и дека корпорацијата не успеала да го предупреди за опасностите по неговото здравје. Поротата исто така утврди  дека Монсанто “дејствувал  злобно и сурово”.

„Бевме конечно способни да и покажеме на поротата тајни, внатрешни документи на компанијата Монсанто кои докажуваат дека тие со децении знаеле дека  хербицидите можат да предизвикаат рак”, рече адвокатот на Џонсон. Пресудата, додаде тој, испрати “порака до Монсанто дека годините на измама се завршени и дека тие треба да ја стават безбедноста на потрошувачите пред профитот“.

Џонсон кажа дека е задоволен од пресудата и се надева дека случајот ќе охрабри  илјадници други лица да поднесат  тужби против компанијата.

Случајот на Џонсон беше особено значаен бидејќи судијата му дозволи на неговиот тим да ги презентира научните аргументи. Спорот се фокусираше на глифосат, кој е најшироко користен хербицид во светот.

За време на долгите судења, адвокатите на тужителот успеаа да докажат дека корпорацијата постојано ги игнорирала предупредувањата на експертите и барала поволни научни анализи за да може хербицидот да остане во употреба. Хербицидот е регистриран во 130 земји и е одобрен за употреба на повеќе од 100 култури, но во 2015 година, меѓународната агенција на Светската здравствена организација за истражување на ракот го класифицираше глифосатот како “веројатно канцероген за луѓето”.

По судењето, Скот Партриџ, потпретседател на Монсанто и натаму негираше дека има врска помеѓу глифосатот и ракот, а ги отфрли и наводите на организацијата за истражување на ракот тврдејќи дека таа немала ниту анализи ниту лаборатории.

 

Џонсон (46) е татко на три деца и работел како тренер и градинар во  повеќе училишта  во Бенисија, предградие северно од Сан Франциско. Тој сведочеше дека  по неколку пати во ден прскал со хербицид за да го контролира плевелот во дворовите во училиштата.

Тој тврдеше дека неговата изложеност на хемикалии предизвикала рак на лимфните жлезди.

“Минував низ многу болки”, изјави Џонсон кој исто така сведочеше дека треба да се забрани употреба на хербицидот во близина на училишта и ученици  велејќи: “Никогаш не би прскал со тој производ во градината во училиштата, ако знаев колку е штетен“.

Според лекарите, Џонсон  има само уште неколку месеци живот. Неговата сопруга сведочеше дека морала да работи на две работни места, за да можат да ги платат медицинските сметки.

Според адвокатите на Џонсон, Монсанто може да се соочи со повеќе од 4.000 слични случаи низ САД.

Монсанто е гигант во хемиската индустрија за хемикалии, пестициди и други високо токсични материи.

Последните 10 години компанијата започна и со производството на семе. ЕУ се обиде да го ограничи влијанието на Монсанто, така што  наметна ограничувања на содржината на супстанцијата глифосат во производството на житни култури.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.