Легендарната соул пејачка Арета Френклин е “во сериозна здравствена состојба”, објавија светските медиуми повикувајќи се на извори блиски до соул ветеранката.
Таа е во Детроид, за неа се грижи семејството.
Анонимниот извор за агенцијата Асошиетед прес тврди дека Френклин е тешко болна.
76-годишната пејачка ги откажа планираните концерти претходно оваа година поради здравствени проблеми, и и беше препорачано од лекарите да се одмори два месеци., но не беше прецизирано од што боледува.
Минатата година Френклин ги најави своите планови да се повлече од турнејата по објавувањето на новиот албум.
Добитничката на 18 Греми награди е една од најпродаваните уметници на сите времиња и е примен во Rock and Roll Hall of Fame во 1987 година.
Во 2017 година, Френклин изјави за локалната станица WDIV Local 4 во Детроит дека ќе се пензионира откако ќе соработува на нов албум со Стиви Вондер.
-Ќе снимам, но ова ќе биде мојата последна концертна година, изјави Френклин лани.