Владата нема донесено одлука за започнување на нуклеарна енергетска програма. Доколку се одлучи за тоа ќе се спроведе референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали го поддржуваат тоа или не.
Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на Меѓународната работилница за регионална и прекугранична соработка во енергетиката и нуклеарната енергија, што од денеска до петок се одржува во Скопје во организација на АД ЕЛЕМ, МАНУ и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).
На работилницата се разгледуваат прашања од аспект на регионална соработка во доменот на нуклеарната енергетика, а учествуваат експети од областа на енергетиката и нуклеарната енергетика од регионот и од МААЕ.
– Македонија нема нуклеарна енергетска програма и се уште нема донесено одлука да отпочне со нуклеарна програма во сопствени или регионални проекти, но Владата во континуитет ги следи меѓународните трендови и случувања во оваа област, а посебно е заинтересирана за регионалните трендови и за соработка со соседните земји на оваа поле, порача Пешевски на учесниците, пренесува МИА .
Тој посочи дека во изминатите неколку години со препорака на Владата формирана е група во АД ЕЛЕМ која има задача да спроведува истражувања и да ги прати регионалните и светските трендови во нуклеарната енергетика и во новите трендови за производство на енергија и да ги обучува своите кадри во таа област. Групата треба да собира и материјални кои ќе бидат пторебни за Владата да може да ги процени своите интереси и можности за учество во самостојни и регионални проекти во областа на нови енергетски извори.
И по Фукушима, наглси Иван Виденовиќ од МААЕ многу земји, особено земји во развој, размислуваат да се зафатат со нуклеарната енергија која нуди многу придобивки за подобрување на енергетската безбедност, за намалување на ефектот на менливите цени на фослините горива, за ублажување на ефектот на климатските промени и за да се направи поконкурентна економијата.