Published: Tuesday, August 14, 2018 17:26
Виена го победи Мелбурн во трката за најдобар град за живеење. Двете метрополи беа во тесна трка помеѓу останатите 140 урбани центри. Годинава, опаѓачките закани за воени напади во западна Европа, како и ниската стапка на криминал помогнаа Виена да се искачи на првото место.
На крајот на листата се наоѓа Дамаск, потоа главниот град на Бангладеш – Дака и Лагос во Нигерија. Истражувањето не ги вклучува неколку од најопасните главни градови како Багдад и Кабул.
Виена и Мелбурн освоија максимум поени во областа на здравствената нега, едукацијата и инфраструктурата.
Поголемите и понаселени градови имаат тенденција да имаат повисока стапка на криминал.
Лондон годинава се наоѓа на 48-то место.




