Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој е Ендрју Брансон, притворениот свештеник кој е причина за спорот помеѓу САД и Турција?

6
By Нова ТВ on August 15, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 15, 2018 15:39

Турскиот суд денеска ја одби жалбата за ослободување на американскиот пастор Ендрју Брaнсон од куќен притвор.

Адвокатот на свештеникот бараше Брансон да биде ослободен и  да му се укине забраната за патување.

Жалбата на пасторот Брансон ќе се  разгледува и на повисоките судски инстанци.

Брaнсон е главната причина за дипломатскиот спор помеѓу Анкара и Вашингтон поради што САД воведе санкции и го замрзна имотот на двајца турски министри, а исто така ги зголеми и царините за увоз на челик и алуминиум од Турција.

Кој е Ендрју Брансон, притворениот свештеник кој е клучна фигура во односите меѓу САД и Турција?

За Турција, уапсениот американски свештеник по име Ендру Брaнсон е шпион кој се обиде да ја собори Владата за време на обидот за државен удар од 2016 година. Но, за американските официјални лица, Брaнсон е невин христијански семеен човек кој е погрешно задржан.

Брансон (50) е роден во Северна Каролина и евангелистички презвитериjански свештеник кој работел во Измир, каде што бил пастoр во црквата Воскресение. Тој живее во Турција повеќе од 23 години, со сопругата и трите деца.

Но, во октомври 2016 година, неколку месеци по неуспешниот обид за државен удар во Турција, Брансон беше уапсен и обвинет за заговор за соборување на турската влада.
Во март беше формално обвинет за шпионажа и врски со терористички организации. Обвиненијата против Брансон вклучуваат поддршка на забранетата Курдистанска работничка партија, како и Движењето на Ѓулен, за кое Турција вели дека го организирал обидот за државен удар.

Доколку биде осуден, Брансон се соочува со 35 години казна затвор.

Според американскиот Центар за право и правда, организација предводена од адвокатот Џеј Секулов, кој се залага за негово ослободување вели дека обвиненијата не се легитимни и дека Брансон бил уапсен првенствено поради неговата христијанска вера. Американските официјални претставници, исто така сметаат дека обвиненијата немаат основа и велат дека „тој е притворен едноставно затоа што е американски државјанин кој како религиозен човек бил во контакт со голем број луѓе во оваа земја, на кои тој се обидувал да им помогне”.

Турција му одреди домашен притвор на Брансон поради неговите здравствени проблеми и му нареди да носи електронски уред за следење.

„Не видовме веродостојни докази против Брансон и ги повикуваме турските власти веднаш да го решат случајот на транспарентен и фер начин”, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Откако, Турција одби да го ослободи, ситуацијата меѓу двете земји ескалираше најпрво со санкции против двајца министри во турската Влада, а потоа и со воведување на зголемени царини за турскиот алуминиум и челик.

Американскиот претседател Трамп во последниот твит за Брансон во кој ги најави и санкциите од САД напиша: “Голем христијански семеен човек и прекрасно човечко суштество, тој страда многу … Овој невин човек треба веднаш да биде ослободен! ”

Според пишувањата во  американските медиуми, турскиот претседател Ердоган сугерирал замена на Фетулах Ѓулен, турскиот свештеник кој Ердоган го посочува како одговорен за воениот удар со Брансон.  „И ние бараме  екстрадиција на Ѓулен.  Дајте ни го овој назад, тогаш ќе го вратиме Брансон “, го цитираа американските медиуми Ердоган.

На инситирање на Трамп, во ослободувањето на пасторот се вклучи и Израел. Висок американски официјален претставник неодамна за Си-Ен-Ен изјави дека во замена за ослободување на Брансон од Турција, Израел се согласил да ја ослободи  27 годишната Турчинка Ебу Озкан која беше затворена под сомнение дека му помагала на Хамас. Турчинката го напушти Израел на 15 јули, но наредниот ден Ердоган негираше дека Брансон ќе биде ослободен во замена за Озкан.

“Ние им кажавме на Американците дека можат да ни помогнат да ја вратиме Ебу … Но, ние никогаш не рековме„ …и во замена ќе ви го дадеме Брансон “, рече Ердоган.

Во меѓувреме следуваше интензивна комуникација меѓу високи официјални претставници на двете земји, но договор не се постигна. Освен за Брансон, двете земји имаат различни ставови и за Сирија, а САД се противи и на одлуката на Турција да се снабдува со оружје од Русија.

Една недела подоцна, откако  САД ги најавија санкциите кон Турција,  денеска официјална Анкара одговори со воведување на двојно поголеми царини на производите од САД и со  бојкот за американските електронски производи.

 

пастор САД санкции Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

ВЕСТИ May 11, 2026

Европската Унија реагираше многу претпазливо на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во…

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.