Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

300 американски медиуми со уводници против „валканата војна“ на Трамп

0
By Нова ТВ on August 16, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 16, 2018 10:37

Повеќе од 300 медиуми во САД денеска започнаа кампања насочена против нападите од претседателот Доналд Трамп и за промовирање на слободата на медиумите.

Весникот „Бостон Глоуб“ минатата недела го објави повикот за национална кампања против како што се нарекува “валканата војна” на претседателот против медиумите, користејќи го хаштагот #EnemyOfNone.

Трамп често, медиумските извештаи ги нарекува “лажни вести” и ги напаѓа новинарите нарекувајќи ги “непријатели на народот”.

Според експертите на ОН, ова го зголемува ризикот од насилство врз новинарите.

„Бостон Глоуб“ најави дека на 16 август ќе објави уводник “за опасностите од нападот на администрацијата врз медиумите” и ги замоли другите да го сторат истото.

Првично позитивно одговорија околу 100 медиумски куќи, а со приклучувањето на големите национални весници во САД и на помалите локални, нивниот број досттигна до 350.

Солидарност со американските медиуми изрази и британскиот весник „Гардијан“, кој во својот коментар оценува дека Трамп е првиот претседател кој „води смислена и конзистентна политика на поткопување, делигитимирање, па дури и загрозување на работата на медиумите“.

– Слободата на медиумите не е измислена во САД, но има само малку држави во кои значењето на независниот печат имаше толкаво големо влијание во историјата како што беше случај во оваа земја. Славната американска традиција на почитување и говорење на вистината денеска е загрозена, оценува „Гардијан“ во својот коментар.

Што напишаа весниците? 

„Бостон глоуб“, во уредничкиот коментар со наслов „Новинарите не се непријател“, пишува дека слободата на медиумитее основен американски принцип повеќе од 200 години.

„Њујорк тајмс“, под наслов “Му требате на слободниот печат”, ги нарекува нападите на Трамп “опасни за движечката сила на демократијата” и во продолжение објавени се извадоци од десетици други написи.

-Ако веќе не сте го сториле тоа, претплатете се на локалните весници. Фалете ги кога сметата дека направиле добра работа, критикувајте ги кога сметате дека би можеле и подобро. Ова е наша заедничка работа, наведува дневниот весник од Њујорк.

„Њујорк пост“ – водечки крајно левичарски весник – одговори на повикот на Глобус, велејќи: “Кои сме да не се согласуваме?” додавајќи: “Можеби е фрустрирачки да тврдиме дека само затоа што печатиме непријатни вистини значи дека сме лажни вести, но да се биде новинар не е натпревар за популарност. Се што можеме да направиме е да продолжиме да известуваме”. Исто така тие поставуваат и реторичко прашање: “Дали ова ќе промени нешто?”

„Филаделфија Инквајар“ посочува дека нивниот град е родно место на американската демократија и пишува: “Ако медиумите не се ослободени од репресија, казна или сомнеж поради непопуларни ставови или информации, не е ниту земјата. Ниту нејзиниот народ”.

Коментаторите во „McClatchy“ објавија заеднички уреднички коментар во сите 30 дневни весници што ги водат, вклучувајќи го и „Мајами Хералд“, во кој се наведува дека речиси никогаш досега не биле на ист став, но тоа го праватсега. Во него се наведува дека “непријателите на народот” биле “она што за нацистите биле Евреите. На тој начин биле бележени и критичарите на Јосиф Сталин за егзекуција”.

„Пост Диспеч“ од Сент Луис новинарите ги нарече „ највистински патриоти“, додека „Чикаго Сан-тајмс“ истакнува дека верува дека мнозинството Американци знаат дека Трамп говори бесмислени работи.

-Се надеваме дека поддржувачите на претседателот ќе препознаат што тој работи – манипулира со реалноста за да го добие она што го сака, се истакнува во уводникот на весникот „Н.К. обзервер“ од Фајетвил во Северна Каролина.

Уште еден весник што се приклучи на кампањата е „Топика Капитал-Журнал“, во кој нападот на Трамп врз медиумите се означува како нешто „злобно, деструктивно и мора да престане веднаш”. Инаку, овој весник, беше еден од ретките што му даде поддршка на Трамп во 2016 година.

Но има и медиуми кои не се воодушевени со кампањата на „Бостон Глоуб“.

Во една колумна на „Вол стрит џурнал“ на пример се истакнува дека ваквата акција не е во согласност со независноста која уредништвата на медиумите наводно ја бараат и дека Трамп има право на слобода на говор, подеднакво како и неговите противници во медиумите.

-Иако се согласуваме дека нарекувањето на новинарите како „непријатели на народот’, а новинарството како „лажни вести’ не само што е штетно за нашата бранша туку и деструктивно за нашата демократија, координиран одговор на независните, да не кажеме „мејнстрим“ медиуми го потхранува наративот дека медиумите на некој начин се настроени против овој републикански претседател“, се наведува во уводникот на „Балтимор сан“.

Сепак, овој весник потенцира дека ја поддржува акцијата, додека „Вол стрит џурнал“ се изјасни дека нема да учествува.

Кампањата #EnemyOfNone следи по серијата напади и забелешки од Трамп, што го зголеми притисокот врз медиумите.

Додека ќерката на Трамп, Иванка, се дистанцираше од медиумските напади на нејзиниот татко, секретарот за печат на Белата куќа Сара Сандерс одби да каже дека медиумите не биле непријатели на народот.

И на собирот во Флорида во јули, Си-Ен-Ен ги сними поддржувачите на Трамп, кои упатуваа навреди и пцовки кон новинарите што го покриваа настанот.

Републиканските гласачи го делат ставот на Трамп

Анкетата објавена во вторникот од Универзитетот Quinnipiac покажува дека51 отсто од републиканските гласачи сега веруваат дека медиумите се “непријатели на народот, а не важен дел од демократијата”, а 52 отсто од анкетираните републиканците не сметаат дека критиките на ќе предизвикаат насилство врз новинарите.

Според анкетата, сепак 65% сметаат дека медиумите се важен дел од демократијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.