Познатата пејачка Арета Френклин по долго боледување почина во 76-тата година во својот дом во Детроид.
Веста за нејзината смрт ја потврди нејзиниот публицист.
Во понеделникот медиумите пренесоа дека Френклин е тешко болна. Таа поради нејзината болест морала оваа година да откаже голем број настапи.
Познатата американска музичка легенда го имаше прекарот „кралица на соул музиката“, кој го доби кон крајот на 60-тите години.