Дружејќи се со поранешниот американски претседател, пеачот на групата U2 Боно Вокс, успеа да го „ископира“ Бил Клинтон и да покаже што научил на конгресот Clinton Global Initiative кој неделава се одржува во Њујорк.
Откако со своето однесување успеа да ги насмее сите во салата, на сцената излезе и Клинтон кој уште на почетокот му рече: „Изгледа дека е доста едноставно да се шегуваат на моја сметка“.
Веднаш после тоа, Клинтон започна расправа со Шерил Сендберг од Фејсбук, со шефицата на ММФ Кристин Лагар, со пакистанскиот стопанственик Калид Брох и со милијардерот Мо Ибрахимов.
Инаку Боно и Клинтон соработуваат од крајот на деведесетите кога тој беше во Белата куќа, а неговата организација беше вклучена во добротворна работа во Африка.
Инаку на CGI секоја година учествуваат светските водачи од различни подрачја, а немарата е да се насочат капацитетите на поединецот и на организациите кон конкретни промени.