Во текот на утрешниот ден три граѓански здруженија и едно физичко лице ќе покренат постапка за оценување на уставноста на новиот Закон за абортус.
Претставката пред Уставен суд е на ХЕРА, Реактор, Хелсиншкиот комитет за човекови права, Коалицијата за заштита на сексуалните права на маргинализираните заедници и доц. д-р Каролина Ристова – Астеруд.
На Меѓународниот ден за пристап до безбеден и легален абортус, утре, ХЕРА ќе организира тркалезна маса со претставници на граѓанското општество, активисти за човекови права, пратениците од Собранието на РМ и медиумите на којашто ќе се презентира и дискутира постапката за оценување на уставноста на новиот закон за абортус.
Дополнително, ХЕРА ќе ги изнесе и првите сознанија за негативните ефекти од примената на новиот закон, инфоиримаат од невладината.