Published: Thursday, August 23, 2018 18:28
Од морето извлечени се пет тела на мигранти, чиј брод потона додека се обидувале да го поминат Средоземно Море за да стигнат до италијанскиот остров Лампедуза, соопшти Крајбрежната стража на Тунис.
Крајбрежната стража се уште трага по пет Тунижани, за кои роднините тврдат дека биле на бродот кој во текот на неделата отплови од Зарзис.
Трговците со луѓе се повеќе го користат Тунис како почетна точка за мигрантите кои сакаат да пристигнат во Европа, бидејќи либијската крајбрежна стража, со помош на вооружени групи, ја засили контролата.
Многу луѓе заминуваат од Тунис поради невработеност и инфлацијата. Во јуни годинава загинаа најмалку 80 мигранти, кога потона брод во близина на Тунис.




