НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не е погоден момент за воведување прогресивно оданочување

0
By Нова ТВ on August 24, 2018 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американската стопанска комора во Македонија – АмЧам Македонија, Македонија 2025 и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ сметаат дека не е погоден момент  за воведување прогресивно оданочување на личниот доход, особено не во формата која што неофицијално беше имплицирана.

Оттаму оценуваат дека предложеното воведување прогресивно оданочување на персоналниот доход нема да го постигне посакуваниот ефект на подобрување на социјалната еднаквост и ќе ја намали продуктивноста, вработливоста и развојот на квалификации, ќе се зголеми сивата економија и негативно ќе влијае на економскиот раст и развој.

– Нејасно е како ќе се распределат дополнителните средства собрани со зголемувањето на данокот на персонален доход – дали директно ќе се искористат за подобрување на социјалната нееднаквост или средствата ќе се користат за генерални расходи? Доколку се користат за генерални расходи, ефектот ќе се поништи бидејќи од истиот буџет се субвенционира приватниот сектор. Доколку се користат директно за подобрување на социјалната нееднаквост и, како што најави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска се искористат за да се покачи износот на социјалната помош до 12.000 денари за четиричлено семејство, тогаш таквата мерка ќе доведе до следново зголемување на невработеноста,намалување на продуктивноста и вработливоста и ќе го дестимулира развојот на висококфалификуваните кадри, оценуваат од овие три организации.

Во соопштението додаваат дека предложените мерки ќе ја намалат даночната послушност и ќе ја зголемат сивата економија појаснувајќи дека во контекст во кој населението нема доверба во институциите на системот и има низок степен на задоволство кај обврзниците за начинот на кој прибраните средства се користат, зголемувањето на даноците ќе доведе до изнаоѓање дополнителни и креативни начини за даночна евазија. На пример пријавување на само дел од доходот наместо полниот износ, исплаќање на доходот на сметки во други земји, Payoneer картички).

Според нив ќе се намали бројот на даночни обврзници, отежнато ќе се прибираат даноците и ќе се зголемат трошоците и комплексноста на прибирање даноци. – Воведувањето прогресивен данок на личен доход ќе доведе до зголемување на неформалното вработување, со што ќе се намали бројот на даночни обврзници. Тенденцијата да се избегнат зголемените даночни обврски ќе го отежни прибирањето на даноците, а покомплексната формула и потребата за поголема контрола на почитувањето на законските обврски, ќе ги зголемат трошоците на Управата за Јавни Приходи, истакнуваат во соопштението.

Тие укажуваат дека предложените мерки ќе имаат и негативен ефект врз растот и развојот на македонската економија преку одлив на капитал и намалени инвестиции и одлив на мозоци.

– Менувањето на даночните регулативи го комплицира работењето на компаниите во приватниот сектор поради неможноста да се планираат трошоците и ќе доведе до несигурност и кај домашните компании и кај странските инвеститори. Таа несигурност ќе доведе до намалени инвестиции и потенцијално до одлив на капиталот во земји со поповолен даночен режим и поголема предвидливост во работењето на приватниот сектор, посочуваат во соопштението.

Појаснуваат дека  воведувањето на прогресивен данок ги таргетира висококвалификуваните и професионални кадри кои веќе се дефицитарни во Македонија. Според нив многу е веројатно зголемениот даночен товар да падне врз грбот на вработените наместо на работодавачите што ќе доведе до одлив на квалификуваните кадри во земји со поповолна даночна клима. Сметаат дека овие кадри се исто така и најголемите потрошувачи и со нивното заминување ќе се намали економскиот раст.

Прогресивното оданочување дестимулативно ќе влијае на  иновативните “смарт” индустрии кои генерираат најголеми приходи и се двигатели на економијата.

– Иновативните и брзорастечки компании, особено во ИКТ секторот, ќе бидат особено погодени од зголемените даночни обврски бидејќи тоа се индустриите во кои доходите се највисоки. Дополнително, овие индустрии не ги исполнуваат условите за владините мерки за развој што води до двојно пенализирање на овој сектор- носител на економски раст, оценуваат од овие три организации.

АмЧам Македонија, Македонија 2025 и МАСИТ ги претставуваат ставовите и мислењата на повеќе од 200 од најголемите и најиновативни компании во Република Македонија и нудат ресурси и експертиза да го поддржат Министерството за финансии во изготвување сеопфатна даночна стратегија и реформа која во исто време ќе придонесе кон зголемување на бројот на даночните обврзници, подобрено собирање на даноците, правична распределба на средствата и зголемена социјална еднаквост без негативно да влијае врз севкупната економија и нејзиниот раст.

Прогресивен данок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.