Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јованка Броз повторно на Ургентен

0
By Нова ТВ on September 26, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 26, 2013 15:38

Сериозно и е влошена здравстевната состојба на Јованка Броз, вдовицата на Тито, која неодамна била примена во болница, потврдуваат за Б92 од Ургентниот центар, но не сакаат да изнесат повеќе детали.

Како што се дознава во прашање се кардио-васкуларни проблеми и таа е приклучена на апарати за вештачко дишење.

Да потсетиме, таа беше примена во Ургентниот центар во Клиничкиот центар на Србија на 23 август во тешка состојба и веднаш беше сместена на интензивна нега. Според директорот Златибор Лончар, Јованка тогаш била во полусвесна состојба и реагирала само на јаки дразби, а првите анализи укажуваат на почеток на сепса.

Донесена беше во тешка состојба,со рани од лежење и непозната рана на градниот кош, со исклучително лоша крвна слика и почетните наоди укажуваат на сепса.

Според информациите на српските медиуми, лекарите се бореле за нејзиниот живот.

Таа беше на интензивна нега во срцето на Белград, во Ургентниот центар, каде
ја посети премиерот Ивица Дачиќ.

Со оглед на лошата здравствена состојба, но и староста на Јованка Броз, како и тоа што лекарите не сакаат ништо да прогнозираат, јавноста почна да шпекулира за тоа каде треба да биде погребана вдовицата на Тито, кога за тоа ќе дојде време.

Многумина меѓу кои и внукот на Тито, Јошка Броз, сметаат дека вдовицата на Тито, доколку таа тоа го сака, треба да биде погребна во Куќата на цвеќето, односно покрај Титовиот гроб.

Јошка Броз за белградскиот весник Ало пред еден месец, изјави дека со децении не е во контакт со Јованка Броз и истакна дека нема ништо против, ако таа тоа го сака, да биде погребана покрај неговиот дедо.

„Ние не сме во контакт, па не знам ниту дали има и тестамент, ниту пак тоа каде има желба да биде погребана. Претпоставувам дека тоа можеби го знаат нејзините сестри, со кои е таа во постојан контакт. Лично немам против доколку таа сака да биде погребана до мојот дедо. Моите родители беа разведени па ги погребавме заедно, а таа беше и остана официјална сопруга на Тито“, изјави Јошка Броз.

Тој се сомнева дека тоа ќе биде можно: „Како што гледам сакаат и него да го отселат од таму“.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.