Новинарот на телевизијата БН, Владимир Ковачевиќ, синоќа бил брутално нападнат од две лица со метални шипки во Бања Лука. Поради добиените повреди, тој побарал медицинска помош.
„Пред 20 минути, додека се враќав од работа, две момчиња ме пресретнаа и ме претепаа со метални шипки“, напиша Ковачевиќ на „Твитер“ објавувајќи фотографија на која може да се забележи дека има крвав завој на главата.
Уредувачкиот колегиум на телевизијата, новинарските здруженија, партиите и политичарите од Бања Лука и други делови на БиХ, најостро го осудија овој напад и бараат што побргу да се најдат извршителите на овој брутален чин.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, го посети новинарот во болницата, каде што најостро го осуди нападот врз него и побара од полицијата итно да се расветли овој случај.
Ковачевиќ синоќа на плоштадот Краина во Бања Лука го следел собирот „Правда за Давид“, од каде што секоја вечер има директно вклучување во вестите на ТВ БН.
*„Проектот е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на медиумските слободи и слободата на говор во Западен Балкан“ имплементиран од Здружението на новинари на Хрватска како дел од Регионалната платформа за застапување на медиусмките слободи и безбедност во Западен Балкан во партнерство со шест организации од регионот (Независното здружение на новинари од Србија, Здружението на новинари од БиХ, Хрватсото здружение на на новинари, Здружението на новинари од Македонија и Унијата на медиумите од Црна Гора”.




