Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Сомнително предупредување од Москва

0
By Нова ТВ on August 29, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 29, 2018 09:57

Руското министерство за одбрана во саботата ја предупреди меѓународната јавност: Сириски бегалци, членови на исламистичката група Тарир ал-Шам, подготвувале напад со хемиско оружје во провинцијата Идлиб, во северозапдна Сирија.

Групата, според портпаролот на руското министерство за одбрана, Игор Конашенков, инсценира таков напад за потоа пред очите на светската јавност да излезе дека нападот го извршила владата на Асад.

Бунтовниците, како што се вели, во едно село во близина на градот Јиср ал-Шугур, веќе донесле повеќе канистери со хлорофин. Тие наводно веќе ангажирале и странска фирма која треба да им помогне во подготовката на нападот. Освен тоа, се тврди и дека дел од извршителите на нападот планираат да се облечат како членови на групата за спас Бели шлемови и да спасуваат жртви од инсценираниот напад. По реалните напади од страна на режимот, имено, спасувачката група Бели шлемови спасува жртви меѓу цивилното население.

Конашенков, според светските медиуми, вели дека смислата на намерите на бунтовниците е јасна: бунтовниците сакаат да им обезбедат изговор на САД, Велика Британија и Франција за да напаѓаат од воздух натамошни цели на сириската влада.

„Тоа се лаги“

На руските тврдења брзо стигна одговор од Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, која е поврзана со сириските бунтовници, но која во меѓународни рамки важи за веродостојна. Според оваа организација, тврдењата на Москва се „лаги“, објавува Дојче Веле.

„Тоа се тврдења кои треба да послужат за вовед во борба за Идлиб“, ја пренесуваат светските медиуми изјавата на Рами Абдел-Раман, директор на Сириската опсерваторија за човекови права. Хлоринот, според него, е доставен од сосема други причини. „Тој се доставува одвреме-навреме за локалните станици за вода да може да ја стерилизираат водата“, тврди Абдел-Раман.

Министерството за одбрана во Москва можеше да смета со отпор и потпрашања. Наједноставното прашање го постави интернет-венсикот Ал-Араби ал-џадид кој излегува во Лондон: од кога тоа руската армија дозволува терористички акти за кои знае однапред?

„Русите не му веруваат на Асад“

Уште едно прашање: зошто Москва воопшто дава вакво предупредување во јавноста, кога може да се претпостави дека сите страни во конфликтот, вклучително и претставниците на меѓународните организации, сега со посебно внимание ќе гледаат кон Сирија?

„Русите можеби и самите немаат доверба во режимот на Асад“, претпоставува Елијас Перабо од иницијативата која има симпатии кон бутновниците „Adopt a Revolution“. Во Москва веројатно не се сигурни дали режимот на Асад навистина ќе се откаже од употреба на хемиско оружје, вели Перабо за ДВ. „Во минатото од страна на контролорите на ОН се истражени 34 напади со отровен гас. За 28 од нив режимот е прогласен за виновен. Притоа не е употребуван само хлор, туку и сарин и други супстанции.“

Оттука, не може да се исклучи дека владата сега може да употреби отровен гас и во Идлиб. Во Идлиб се наоѓа една од четирите т.н. деескалациони зони. Тие се направени за да им пружат заштита на цивилите. Но, во Идлиб има и позиции на вооружената опозиција, пред сѐ на Нусра-фронтот.

Нусра-фронтот беше жестоко напаѓан од страна на владата уште на поечтокто на август, но бунтовниците се бранат и натаму. Тоа, претпоставува Паребо, би можело да биде причина за владата да употреби хемиско оружје. Отровнот гас убива многу бргу, вели Паребо. А, освен тоа, луѓето многу се плашат од тоа. „Со употреба на отровен гас на луѓето им се сигнализира дека не се безбедни никаде, ниту во бункерите ниту каде било на друго место.“ Тоа има огромно психолошко дејство, потенцира Паребо.

Владата на Асад очигледно етички нема никакви дилеми да употреби гас. За нејзе и од воен аспект нема многу аргументи против вакво оружје, зашто досега употребата на хемиско оружје остана неказнета. Предупредувањата на Обама од летото 2013 година дека со употреба на отровен гас владата на Асад ја пречекорува „црвената линија“, останаа без последици.

Предупредување од Вашингтон

Сега американскиот советник за безбедност Џон Болтон исто така ја предупреди владата на Асад да не употребува хемиско оружје. Доколку такво нешто се случи, САД „ќе одговорат силно“, рече Болтон. Со оваа изјава можеби е поврзано и руското предупредување од наводни напади со отровен гас од страна на бунтовниците.

Меѓутоа, нејасно е како да се сфати предупредувањето од страна на Белата куќа. САД веќе со години оперираат во Сирија, главно тајно. Меѓу другото и затоа што директна конфронтација со режимот на Асад би можела лесно да доведе до судир со неговата заштитничка сила – Русија. Нејасно е дали администрацијата на Трамп би била навистина подготвена на такво нешто.

Посоодветно за спречување на натамошна употреба на отровен гас би било ако на Путин му се стави јасно до знаење дека такво нешто би значело дека ќе бидат сопрени парите за обнова во Сирија, смета Перабо.

Падот на Идлиб значи пад на последниот бастион на бунтовниците. Од тој момент натаму помалку ќе се работи за воените, а повеќе за економските апсекти на војната. Русија, по неколку години воена интервенција во Сирија, е финансиски исцрпена. Многу е ограничен и финансискиот простор за игра на втората сила заштитничка на Асад – Иран, особено по амбаргото од страна на САД. Западните држави во текот на војната во Сирија беа прилично воено воздржани. Во текот на идните постапки меѓутоа би можеле да ја употребат својата вистинска сила – економијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.