Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тачи ја нападна опозицијата и граѓанскиот сектор заради противењето на неговите планови со Србија

0
By Нова ТВ on August 29, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 29, 2018 17:26

Косовскиот претседател Хашим Тачи ја нападна опозицијата и дел од невладините организации во земјата, кои ги обвини дека се „злонамерни кон подршката на Косово од нејзините сојузници“, Соединетите Американски Држави (САД), Германија, Франција, Италија, Англија и други земји од Европската унија (ЕУ), во намерата за постигнување договор со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на Фејсбук, по повод најавата за вонредна собраниска седница пред продолжувањето на преговорите со Србија, тачи напиша дека „од прогласувањето независност до денес, Косово никогаш немало поголемо меѓунаордно внимание“, а сите негови сојузници се ангажирани „за постигнување мировен договор со Србија“.

Според него, „бескрупулозната пропаганда против сојузниците“, како што го нарекува противењето на опозицијата и на граѓанските организации на неговите најави за размена на територии со Србија, кои тој ги нарекува „корекција на границата“, е “опасна и срамна“.

– Нема поголема несреќа за косовската држава и граѓаните од тоа кога некои опозициски партии или индивидуи ја доведуваат во прашање поддршката на САД и на нашите главни сојузници. (…) Единственото зло кое може да му дојде на Косово е од оние кои не сакаат мировен договор со Србија, кои не сакаат зачленување на Косово во ЕУ, НАТО и Обединетите нации, напиша Тачи.

Тој повторно се заложи за референдум на кој косовските граѓани ќе кажат, како што рече, „дали се за мировен договор со Србија, кој на Косово ќе му обезбеди зачленување во ЕУ, НАТО и ООН, или сакаат да живеат во непријателство со соседните држави и во изолација“.

Косовскиот претседател, во денешната објава на Фејсбук,  со ниеден збор не ги споменува неговите заложби за „корекција на границите“, односно припојување на Прешевската Долина кон Косово и барањата на неговиот српски колега Александар Вучиќ за „разграничување со Косово“, односно припојување кон Србија на косовскиот север.

На ваквите заложби на двајцата претседатели и нивните тимови за прекројување на границите се спротивставува пошироката косовска јавност, косовската опозиција, но и две од трите албански партии на власт – Алијансата за иднината на Косово (ААК) на премиерот РамушХарадинај и Иницијативата нза Косово (Нисма) на вицепремиерот Фатмир Лимај. Единствено партијата која Тачи ја основа, Демократската партија на Косово (ПДК) го поддржува да ги продолжи преговорите со Белград.

Против прекројување на границите се изјаснија и најголем дел од западните сојузници на Косово, странски аналитичари и речиси сите западни дипломати, како и германската канцеларка Ангела Меркел.

Косовската опозиција се обедини во иницијативата за вонредна собраниска седница, која ќе се одржи на 4. септември, три дена пред продолжување на дијалогот Тачи-Вучиќ во Брисел, со цел да се донесе резолуција со која на косовскиот претседател или било кој друг ќе му се забрани да преговара за територијалниот интегритет на Косово. Иницијативата на опозицијата ја поддржаа и владејачките ААК и Нисма.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.