НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Монструм: Заврши сослушувањето на загрозениот сведок

2
By Нова ТВ on August 31, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судењето за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство за петкратното убиство кај Смилковско Езеро од 12 април 2012 година продолжи денеска со сослушување на загрозениот сведок, во рамки на доказната постапка.

Фејзи Азири, еден од обвинетите, му постави неколку прашања на загрозениот сведок кои се однесуваа на времето во кое, како што тврди сведокот, го забележал Назири на местото на злосторството.

Потоа, Азири се осврна на одговорите на заштитениот сведок од претходните сослушувања, со што консатираше дека загрозениот сведок прв пат денеска навел дека покрај тоа што забележал тела, за кои не произнел повеќе детали, слушнал и пукотници кај Смилковското Езеро на денот на настанот.

Обвинителката Фатиме Фетаи, истакна дека на загрозениот сведок претходно не му било поставено конкретно прашање во однос на сведочењето за пукотниците.

Судот му постави неколку прашања на сведокот за двете возила, кои, според неговото тврдење, тој ги забележал, покрај  возилото „Голф 3“, на местото на денот на петкратното убиство, како и за детали од околината кај Смилковското Езеро во тој период.

Сослушувањето на загрозениот сведок заврши, а судијата Огнен Ставрев посочи дека во маргините на доказната постапка следно ќе биде извршен увид на возилото „Голф 3“, за што Фатаи препорача јавноста да биде вклучена.

Адвокатот на одбраната Насер Рауфи, истакна дека постојат индикации со кои се утврдува дека загрозениот сведок е „лажен сведок“.

– Овој сведок е лажен, дефинитивно тоа се докажа и денеска, ова го тврдам и од причина што има еден огромен квантитет на разлики во неговите искази, тој веке осми пат доаѓа тука, нагласи Рауфи.

На 12 април 2012 кај скопското Смилковско Езеро беа убиени Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Тричковски (на возраст од 18 до 21 година), сите од Радишани, Скопје, и 45-годишниот рибар Борче Стевковски од Црешево.

За случајот се обвинети Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Самир Љута и  Фејзи Азири, како и Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, за кои е побарана екстрадиција од Косово.

загрозен сведок Монструм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.