Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гардијан: Странските работници во Катар- како робови

0
By Нова ТВ on September 27, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 27, 2013 09:53

Лондонскиот весник „Гардијан“ објави истражување од Катар, според кое, странските работници кои ги градат објектите за СП во фудбал се третираат како робови.

Странските работници кои се ангажирани да работат на изградбата на инфраструктурата и на објектите за потребите на Светското првенство во фудбал, во 2022 година во Катар, се изложени на експлоатација и понижување, пишува лондонски „Гардијан“.

Весникот ги обвинува властите во Катар дека Непалците кои работат на проектите за првенството се експлоатирани и изложени на насилство, што е „рамно на ропство во модерно време“.

Само во периодот меѓу почетокот на јуни и 8 август, починале дури 44 работници, како последица на преголемата изложеност на високите температури во овој период од годината, како и во разни инциденти на работното место.

Непалците се жалат дека не се платени „со месеци на ред“, дека платите често пати им се задржуваат и дека им се одземени пасошите за да се ограничи нивното движење и патување.

Некои непалски работници се пожалиле дека нема доволно, или воопшто вода за пиење на градилиштата. Организаторите на Светското првенство реагираа со „вчудовиденост“ и неверување на пишувањата на „Гардијан“, но ветија дека ќе бидат истражени сите обвинувања изнесени во весникот.

Претставник на организациониот комитет изјави дека сите членови на комитетот се уверени дека нема никакво оправдување за тоа,доколку се покаже дека она што го тврдат странските работници е точно.

Претставникот рече дека организаторите на СП 2022 година се определени сите странски работнци да работат според меѓународните стандарди. ФИФА на трети октомври ќе одлучува околу тоа дали одржувањето на првенството во Катар да се премести во текот на зимските месеци, за да се избегнат големите летни горештини.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.