Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Илјади поети за промена

0
By Нова ТВ on September 27, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 27, 2013 14:55

Во сабота, 28 септември 2013 година, во Струмица ќе се одржи третата по ред манифестација „100 Илјади поети за промена“. Ова е настан кој е дел од глобалната манифестација 100 Thousand Poets for Change – меѓународна манифестација која годишно се оддржува во повеќе од 100 држави, меѓу кои е и Република Македонија.

Ова е манифестација која има за цел да се шири и да ги мобилизира сите поети ширум светот, а досега во Македонија се вклучуваат сите оние кои сакаат и имаат волја да бидат промената која сакаат да ја видат во светот или најмалку во себе, односно околу себе. За оваа година се закажани 575 настани, во точно 100 држави во светот.

Како дел од програмата во Струмица ќе се реализираат две поетски читања.

Во 16 часот во Старото забавитеште – локација која е добро позната за струмичани, ќе се одржи поетско читање наменето за средношколците од општина Струмица кои претходно се пријавија на отворениот конкурс, додека вечерното читање е наменето за поетите од цела држава кои со целосен ентузијам ја поддржуваат идејата и мисијата на самото движење.

Во 20 часот, во Центарот за култура „Антон Панов“ќе биде отворена изложбата на дизајнерските решенија за плакат за манифестацијата, на која со свои дела се пријавија дваесетина дизајнери од целата држава. По отворањето на изложбата ќе се одржи голем поетски хепенинг на поети од речиси сите градови во државава – поети кои со ентузијам ја поддржуваат идејата и мисијата на самото движење.

Оваа година за првпат ќе биде промовиран алманах „100 Илјади поети за промена I“во кој се застапени дел од поетите кои учествуваа на конкурсот за поезија.
Струмица е веќе третпат дел од ова глобално движење кое има за цел подигање на свеста кај граѓаните за проблемите со кои се соочуваме секојдневно. На оваа манифестација, поетите имаат единствена можност преку сопствената ангажирана поезија да проговорат за сите овие проблеми.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 3, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

ВЕСТИ May 3, 2026

Техеран преку Пакистан достави мировен план до Вашингтон со кој бара укинување санкции, повлекување на…

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.