НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Бразилската историја во пламен: Изгоре Музејот стар 200 години

0
By Нова ТВ on September 3, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пожар целосно го уништи Националниот музеј на Бразил во Рио де Жанеиро, најстарата научна институција во Бразил.

Се верува дека најголем дел од неговата колекција, вклучувајќи фосили, уметнички дела и документи со векови, се уништени.

Пожарникарите работат да го изгаснат пожарот. Нема информации за повредени.

Музејот, кој некогаш бил дом на  португалското кралско семејство, оваа година одбележува 200 години од постоењето.

Пожарот избувна во неделата вечер, додека објектот бил затворен, а причините се уште се непознати.

Бразилската телевизија објави снимки на кои се гледа дека целата зграда е во пламен.

Бразилскиот претседател Мишел Темр на Твитер коментираше дека тоа е “тажен ден за сите Бразилци”, бидејќи “во еден ден исчезнаа 200 години работа, истражување и знаења”.

Што содржи музејот

Меѓу 20-те милиони предмети во Музејот има археолошки артефакти, фосили и најголемиот метеорит откриен во земјата.

Во колекцијата спаѓаат коските на диносаурус и 12-годишен скелет на една жена позната како “Лузија”, најстарата досега пронајдена во Америка.

Во музејот се сместени илјадници предмети поврзани со историјата на Бразил и други земји
Во зградата исто така  има и историски документи кои се однесуваат на вековите од доаѓањето на Португалците во 1500-тите до рогласувањето на републиката во 1889 година.

Кралското семејство на Португалија во 1808 година го префрли судот во зградата, кога земјата се соочи со закана од освојувачкиот поход на Наполеон.

Исто така, во музејот биле изложени и уметноста и артефактите од грчко-римскиот период и Египет.

Во интервју за Глобо, директорот на музејот рече дека ова е “културна трагедија”.

Музејот бил запоставен

Сепак, многумина сметаат дека музејот бил запоставен, а ова е само финален удар за бразилското историско наследство.

Еден вработен во Музејот за медиумите изјавил дека менаџерите на проектот се соочувале со “огромна тешкотија” да обезбедат пари за функционирање на институцијата.

Вработените, наводно, повеќепари предупредувале на намалувањето на финансиските средства и дотраеноста објектот.

Еден од библиотекарите, во изјава за локалните медиуми ја објаснува причината зошто пожарот толку брзо се проширил- дрвени подови и “многу работи што многу брзо горат”, како што се хартиените документи.

Според вработените во музејот, голем дел од внатрешноста на зградата е “целосно уништена”.

Оваа институција е основана во 1818 како Кралски музеј со цел да ги промовира научните истражувања.

Сепак, пожарот што го зафати националниот музеј многумина го гледаат како метафора и за градот Рио, но и за Бразил во целост.

Рио де Жанеиро се соочува со целосна криза. Растечкото насилство, длабоката економска криза и корупцијата го направија градот бледа сенка на она што некогаш бил. Рио де Жанеиро во 2016 година беше домаќин на Олимписките игри – настан во кој Бразил вложи милијарди долари.

Но, овој настан подоцна имаше сериозни последици врз Рио, а на тоа се додава и фактот дека федералниот буџет е намален, како и туризмот, а паралелно со тоа само насилството расте.

 

Бразил Национален музеј пожар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.