НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Германската канцеларка Меркел в сабота ќе ја посети Македонија

1
By Нова ТВ on September 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Канцеларката Ангела Меркел в сабота ќе оствари посета на Скопје, соопшти пред малку нејзиниот портпарол Штефен Зајберт, објави грчката новинска агенција АНА –МПА.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, во кусиот текст, АНА-МПА пренесува изјава на портпаролот на канцеларката, кој вели дека Меркел сака на самото место да формира впечаток во пресрет на референдумот.

– Уште се работи на програмата, но можам да ви кажам дека канцеларката ќе се сретне со премиерот на ПЈРМ, Зоран Заев, изјави Зајберт и додаде дека во фокусот на средбата ќе бидат „регионалните случувања, билатерални теми“, додека пак госпоѓата Меркел „секако сака самата на лице место да формира впечаток во пресрет на референдумот за прашањето за името на земјата, кој што ќе се одржи на крајот од месецот“, пренесува грчката новинска агенција.

Во февруари годинава, Меркел го прими во официјална посета Заев и тогаш искажа поддршка за реформскиот курс на владата и за решавање на спорот за името. Кон крајот на мај, непосредно пред Заев и Ципрас да го постигнат конечниот договор за решавање на долгогодишниот спор, Меркел и телефонски разговараше со двајцата премиери, а претходно на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија изјави дека се радува на напредокот кој го постигнуваат Атина и Скопје.

Пред две недели премиерот Зоран Заев и канцеларката Ангела Меркел остварија телефонски разговор, во кој таа го поздравила постигнувањето на Договорот со Грција и дала поддршка за напорите на Владата за зајакнување на европските и атланските перспективи на државата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.