Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бошкоски до Шврговски: Дали знаевте за наредбата за апсење

1
By Нова ТВ on September 3, 2018 ПОЛИТИКА
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 3, 2018 13:59

Љубе Бошковски кој сведочи за своето апсење во случајот Тортура, му постави прашање на адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, кој во тоа време беше државен јавен обвинител.

– А дали вие ја знаевте наредбата за апсење додека бевте јавен обвинител, праша Бошковски како реплика на прашањето дали знае каква е постапката за апсење за криминал.

Бошковски побара да не го прашуваат глупости.

Бошкоски рече дека видеото од неговото апсење се’ уште го има поставено на каналот ,,Јутјуб”.

Претходно Бошкоски во судницата ги препозна обвинетите ,,алфи” Ивица Анчевски- Пуки и Новица Станковски.

Бошкоски денеска во детали го опишуваше моментот на апсењето, навредите што му биле упатувани и бруталноста со која било постапувано.

„Слушнав ‘апси го‘, бев во шок и закочен во место, ја фрлив кесата и видов лица со фантомки, како и немаскирани лица. Ми ги раширија рацете и почнаа да ме претресуваат, некој извика ‘легнете го ѓубрето на земја, п**** му материна‘, во еден момент , со некој за мене непознат зафат, ме легнаа на земја, ме газеа со колена, а еден од нив извади пиштол, ме притисна со него за образ, а траг од тоа носев на лицето со денови и во притворот во Шутка, раскажуваше Бошкоски.

Однесувањето на лицата кои го апселе, Бошкоски, освен изживување, го окарактеризира како натпревар кој повеќе ќе се покаже пред шефот. Тортурата, рече Бошкоски пред судот, службените лица ја завршиле кревајќи го Бошкоски од земја, врзан со лисици, залепувајќи го до полско ВЦ до „Воденица“. Од тука бил однесен во Автокоманда, а според неговото сведочење, и во возилото повеќе пати му било нагласено дека го поздравил шефот, како и за тоа дека го чекаат неколку години затвор.

Од полициската станица во Автокоманда Бошкоски бил однесен во Истражниот затвор во Шутка, а спроводот го реализирале други полицајци кои, според Бошкоски, биле коректни.

Чинот на неговото апсење Бошкоски го нарече политички реваншизам и кумулирана несфатлива омраза која, како што рече, произлегувала од неговите политички говори, а како мотив за апсењето го наведе фактот што по 19 години ја напуштил ВМРО-ДПМНЕ и ја формирал партијата Обединети за Македонија.

Бошкоски сведочење Тортура
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 13, 2026

Мицкоски смени 8 министри

ВЕСТИ July 13, 2026

Собранието со поединечно гласање разреши осум министри од кабинетот на премиерот Христијан Мицкоски откако за…

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

July 12, 2026

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.