НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбиено барањето на Јанкуловска за изземање на Кацарска од „Тенк“

0
By Нова ТВ on September 4, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев го одби како неосновано барањето за изземање на судијката Добрила Кацарска, што на днешното рочиште за „Тенк“ го поднесоа адвокатите на обвинетата поранешна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Кацарска на странките им врачи примерок од одлуката, по што судењето продолжи со сослушување на сведокот Зоран Марковски, вработен во Мак  Ауто Стар во 2012 година.

На прашања од обвинителот, Марковски рече дека бил управител на Мак Ауто Стар, но не бил вклучен во процесот за изготвување понуда и учество на тендерот, а само е  потпишан на договорот.
„Директно одговорен за тоа е директорот на продажба во тоа време. Цената се формира со тоа што на набавната цена се додаваат царински и акцизни давачки, вообичаената маржа и ДДВ. Ценовник за вакви возила не постои, бидејќи не се дел од секојдневната понуда, рече сведокот.
На вкрстени прашања од адвокатката Сања Алексиќ, Марковски одговори дека немал никаков контакт со Гордана Јанкулоска и дека оваа постапка за набавка на блиндирано возило била прва извршена по пат на јавна набавка, додека другите продажби на такви возила биле со директно договарање.
За денешното рочиште предвидено е да бидат сослушани шест сведоци предложени од обвинителството. Судијката Кацарска на почетокот на судењето за овој случај закажа 23 рочишта.

На претходното рочиште беа сослушани вкупно седум сведоци предложени од Обвинителството, кои на некој начин биле вклучени во јавната набавка на блиндираното возило „мерцедес гард“ во вредност од 600 илјади евра во 2012 година.

 

Јанкуловска кацарска тенк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.