Радовиш е во чад и смрдеа што се шири од градската депонија која гори од вчера.
Како што објави локалната телевизија Кобра, градоначалникот Герасим Конзулов вчера со полиција дошол на самото место каде ќе се спроведе истрага за да се утврдат причините за пожарот.
Конзулов смета дека се работи за организирано палење на депонијата, со цел како шо вели некој да си ги оствари своите интереси.
Тој тука ја спомена фирмата Слома, чии работници се затекнати на самото место како фрлаат отпад, но и откупуваат отпад од дивите собирачи.
Тој најави дека ќе бидат преземени мерки против оваа фирма.
Во продолжение го објавуваме прилогот на ТВ Кобра, преземен од нивата Фејсбук страница.