НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг: Ваша е одлуката дали ќе бидете 30. членка-НАТО ве очекува

0
By Нова ТВ on September 6, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Го ценам партнерството со вашата земја. За неколку недели ќе имате референдум на кој ќе одлучите дали ќе се приклучите на меѓународната заедница. Останува на граѓаните да одлучат, ние сме подготвени да ве пречекаме како 30. членка на Алијансата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прес-конференцијата со министерката за одбрана Радмила Шекеринска по показната вежба на Полкот за специјални операции во касарната во „Илинден“.

Потсети дека во јули сите 29 сојузници се согласиле да ја прифатат Македонија како 30. членка на Алијансата.

– Вашата земја има добро обучени војници кои се подготвени да учествуваат во тешки операции. Припадниците на армијата на вашата земја учествуваат во мисиите предводени од НАТО во Авганистан и во Ирак и на други места, што покажува дека имате армија која е способна да придонесува во меѓународната безбедност, рече Столтенберг.

Шекеринска од своја страна посочи дека досега 4.000 припадници на АРМ учествувале во разни мисии на НАТО во изминатите години.

– За нас ова е партнертство на кое можеме да се потпреме, кога ни требаше помош НАТО беше тука за нас, рече Шекеринска.

Истакна дека секој припадник на АРМ кој во изминатиот период учествуваше во разни мисии, беше аргумент плус во полза на нашето членство во НАТО.

– Сакам да им оддадам признание на сите припадници на АРМ, тие беа постојан тивок дипломат за нашето членство во НАТО, додаде министерката за одбрана.

Столтенберг Шекеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.