-Сведокот не лаже, туку знае многу повеќе од она што денеска го дава како исказ пред судот, изјави адвокатот Еленко Миланов за сведочењето на Зеќири, на паузата од денешното рочиште за “27 април”.
Судењето за овој предметот поминува во на моменти тензична атмосфера затоа што одбраната се обидува да докаже дека Зеќири во текот на истрагата пред обвинителството дал различен исказ од оној што го дава денеска.
-Во истрагата овој сведок кажал повеќе работи. Тоа значи дека тој знае многу повеќе, рече Миланов. Поради консултации судечкиот совет даде пауза за да одлучи дали ќе и дозволи на одбраната да му го прочита исказот што го дал Зеќири во истрагата пред обвинителството.
Во денешното сведочење пред судот, Зеќири рече дека толпата во прес салата ја насочувале многу луше кои имале фантомки и тетоважи.
Тој на прашањата на Обвинителството уште кажа дека дел од толпата го барала и него, упатувајќи му наврделиви зборови и општи закани дека ќе бидат убиени сите.
На денешното рочиште за предметот “27 април”, освен Зеќири, треба да сведочи и тогашниот пратеник сегашен градоначалник на град Скопје, Петре Шилегов.