НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зоран Ангеловски избран за директор на ОТА

0
By Нова ТВ on September 7, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зоран Ангеловски е избран за директор на новата Оперативно-техничка агенција (ОТА).

Ангеловски е избран едногласно со 83 гласа „за“, како и со двотретинско мнозинство. Неговиот мандат ќе биде пет години.

Предлогот Ангеловски да биде директор на ОТА во средата беше изгласан од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата, откако владејачките партии постигнаа договор од 14-те кандидати.

Ангеловски претходно работел во Агенцијата за разузнавање од 1998 до 2005 година, а бил и инспектор во Град Скопје. Потоа работел во Телеком.

Тој ќе застане на чело на новоформораната Оперативно техничката агенција која ќе има задача да го следи прислушувањето, кое повеќе нема да биде во УБК. Формирањето на оваа агенција беше една од клучните препораки на експертската група на Прибе, како начин да се спречи злоупотребата со прислушувањето на телефонски разговори.

Според законот, оваа агенција треба да профункционира до 1 ноември. Дотогаш ќе треба да се изберат заменик директорот и вработените, да се одлучи каде ќе биде сместена и да се опреми.

По изборот на Ангеловски, седницата беше прекината и ќе продолжи откако надлежните собраниски комисии ќе ги разгледаат неколкуте закони кои треба да бидат донесени по скратена постапка.

На дневен ред на 59. седница, која е последна пред одржувањето на референдумот на 30 септември, е и Предлог- законот за дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по скратена постапка, поднесен од Лилјана Затуроска, Диме Велковски и Артан Груби, за кој исто така имаше несогласувања помеѓу владејачките партии и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Пратениците ќе треба да гласаат и за дополнувањето на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по скратена постапка, за измените и дополнувањата на Законот за просторно и урбанистичко планирање и на Законот за градење, двата по скратена постапка, двата поднесени од пратеници на владејачкото мнозинство.

Се очекува дека на седницата да бидат ставени и други точки.

Ангеловски ОТА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

СВЕТ August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде на Милорад Додик мандатот на претседател на…

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.