Published: Sunday, September 9, 2018 12:12
Премиерот на грузиската сепаратистичка област Абхазија, Генадиј Гагулија доцна синоќа загина во сообраќајна несреќа додека се враќал од аеродром по посетата на Сирија, изјави секретарката на регионалната Влада, Дијана Зантарија.
Во автомобилот, во кој се наоѓал премиерот, удрило возило од спротивен правец, управувано од млад жител на Абхазија.
Во несреќата биле повредени возачот на Гагулија и еден телохранител. Во колоната која патувала со Гагулија се наоѓал и претседателот на Абхазија, Раул Хаџимба, но тој не е повреден.
Абхазија се наоѓа на брегот на Црно Море, во северозападниот дел на Грузија.




