НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јадро: Акција “Исчезнатиот двор”

0
By Нова ТВ on September 28, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Јадро – асоцијација на независната културна сцена во соработка со Општина Центар, а со поддршка на Канцеларијата за врски на Гете-Институтот од Скопје, на 29 септември ја организира целодневната акција насловена „Исчезнатиот двор“.

Kако што информира Јадро, “настаните ќе се одвиваат цел ден, со почеток од 11:00 часот, па сè до 22:00 часот на јавните површини околу Урбаната заедница „Дане Крапчев”на ул. Алберт Ајнштајн, бб, во центарот на градот”.


Искра Гешоска, претседателка на “Јадро”

„Исчезнатиот двор“е настан кој има цел да понуди нови можни содржини во локалната заедница, да стимулира учество на граѓаните во „дизајнирањето” на нов квалитет на секојдневието преку размена на различни социо-културни потреби на животниот стил, кои се разликуваат од оние понудени од пост-транзициската наезда на владеење со општеството и со капиталот.

Сметаме дека е нужно да се поттикне креативно обмислување на јавниот простор и на заедницата со содржини, дебата и акција која ги развива културните потреби на граѓаните. Со тоа би сакале да влијаеме на локалните и централните политики коишто се однесуваат на алтернативниот третман на јавниот простор, бидејќи уметноста и културата се нашите алатки за урбанo ре-социјализирање и ре-дефинирање на градските јадра.

„Исчезнатиот двор“ е акција со која стремиме да поттикнеме социо-културна и едукативна одговорност во локалната заедница со цел да укажеме на можноста да се создаде градско креативно јадро, од еден мал дел во Oпштина Центар, кој во изминатите 22 години е целосно запуштен и испразнет од содржини. Избраната локација, во соработка со Општина Центар, по ништо особено специфична, ја користиме како пример за состојбите коишто се насекаде видливи и можат лесно да се аплицираат и во други делови од градот.

Овој настан сака да понуди алтернативни урбани стратегии за градење на интерактивна заедница помеѓу граѓаните, општината и независниот културен сектор. Заедница во која ќе се развиваат секојдневни културни потреби и во која одговорноаста на граѓаните кон содржините на просторот во кој живеат ќе станува сè пообврзна.

Токму затоа, од исклучително значење е соработката со Општина Центар, која, во нашето искуство, е суштински стратешка и ретка иницијатива за партнерство помеѓу јавниот и граѓанскиот сектор, особено помеѓу јавниот и независниот културен сектор.

Урбаната заедница „Дане Крапчев“, која е под ингеренции на Општина Центар, е простор кој Општината сака да го реанимира, а што е во дослух со нашата визија за отпочнување процес на создавање креативни урбани јадра, кои ќе покажат нова вредност во живеењето на граѓаните, но и во поддршката на иницијативите во продукција на независниот културен сектор.

„Исчезнатиот двор“со своите активности ќе ја зголеми свеста за јавното и јавниот (заеднички) простор меѓу локалните и цeнтралните власти, професионалците и уште поважно, меѓу локалната заедница на граѓани кон неопходното креирање на алтернативи во урбаното живеење, претставувајќи нови уметнички проекти кои поттикнуваат учество, но и воедно внесувајќи веќе постоечки форми на социјализација преку заедничко читање, разговарање, игра и размена на содржини.

За да го оствариме тоа, ќе ги користиме капацитетите на независниот културен сектор и преку креирање на алтернативи кон непостоечките културни, урбани и социјални политики на јавниот простор да инцира интер-секторска соработка меѓу уметниците, публиката, професионалците, локалните и централните власти и да понуди платформа за идно планирање и културни политики”, информира Јадро.

Програмски уредници: Искра Гешоска, Ивана Драгшиќ, Елена Вељановска

Креативен тим: Христина Иваноска, Велимир Жерновски, Јане Чаловски, Филип Јовановски

Продукција на настанот: ЈАДРО Асоцијација на независната културна сцена

Партнер: Општина Центар

ПРОГРАМА НА НАСТАНОТ:

11:00 – 13:00 „МОЈОТ ГРАД“ Христина Иваноска, Јане Чаловски и Велимир Жерновски
11:00 – 14:00 „На ти го, дај ми го“ Турнир во серва со Никола Наумовски
11:00 – 19:00 „Ментална гимнастика“ играње шах на отворено
11:00 – 19:00 „Скопје, какво што е“ целодневен уметнички проект на Ивана Сиџимовска
11:00 – 22:00 Изложбна на Стрип центарот од Велес
12:00 – 13:00 „Интимни разговори“ мапирање и исцртување на потребите на граѓаните/соседите со Искра Гешоска и Владимир Лукаш
12:00 – 14:00 „Живи библиотеки, архивинаграѓанскатанепослушност” кураторски проект на Ивана Васева, Филип Јовановски и Јованка Попова
14:00 – 18:00 „Камена супа“, колективно готвење предводено од Христина Иваноска
17:00 – 18:00 „Мапирање и исцртување на потребите на граѓаните/соседите“ со Искра Гешоска и Владимир Лукаш
18:00 – 19:00 „Скопје расте“, Презентација на Архитекти
19:00 – 20:00 „Урбан инкубатор: Белград“ – развој на градот низ културно-социјални активности, презентација на проектот Сава Мала од Белград
20:00 – 22:00 Програма со видео проекции

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.