НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО: Не е утврден идентитетот на двајцата мигранти-МВР вели дека е

0
By Менче Атанасова Точи on September 18, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Не утврден идентитетот,  ниту се знае земјата од која доаѓаат двајцата мигранти кои загинаа во Сообраќајна несреќа на патот Радовиш-Штип, тврдат за НОВА од ОЈО.  Како што објави НОВА телата на миграните два и пол месеци се наоѓаат во капелата во Бутел и од таму никој не може да ги подигне за да се погребат, бидејќи не се идентификувани.

„На починатите лица не им е утврден идентитетот, ниту земјата на потекло како би можело обвинителството да ја спроведе постапката за идентификација и да испрати ургентен допис до  дипломатско претставништво на државата од која се верува дека потекнуваат лицата, со цел идна комуникација со нивни роднини“, се вели во одговорот за НОВА од ОЈО.

Од ОЈО потенцираат дека натамошната постапка во врска со погребот на починатите, доколку се јават роднини, ќе биде договорена и реализирана согласно желбите на роднините.

Доколку во даден временски рок  не се пронајдат роднини на лицата, ниту пак се изврши успешна идентификација, следи погребување на гробиштата во Бутел, велат од ОЈО.

Од друга страна во невладината организација Легис кои два и пол месеци беа во потрага по телата, велат дека тие имале документи за идентификација кои тие лично ги виделе.

„Остантите членови на групата кои патуваа со починатите беше сместена прво во болницата во Штип, а подоцна во Транзитно Прифатниот Центар Винојуг. Кога ние ги посетивме прво во болницата,а потоа во кампот  тие ни ги покажаа личните документи од лицата кои починаа. Лицата во кампот го познаваа нивниот идентитет и го потврдија пред нас. Откако се опоравија тие си заминаа од кампот. Ние им ветивме дека нивните пријатели ќе бидат погребани,  но за жал, до ден денес тоа не е сторено. Се надевам дека набргу ќе се регулираат овие административни лавиринти, зошто се работи за човечкото достоинство“, изјави Мерсиха Смаиловиќ од невладината Легис.

И од МВР за НОВА потврдија дека е познат идентитетот на двајцата загинати, кои животот го загубија кога товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле превезувани мигранти излетало од коловозот и удрило во заштитна метална ограда од мост.

„Во несреќата на местото на настанот од страна на мртвопроверител од Здравствена установа Радовиш констатирана е смрт на две лица и тоа: С.А.Р. од Бангладеш чиј идентитет е утврден по пронајдена лична карта и другото лице С.А. – име кое е утврдено по кажување на еден од мигрантите, кој не бил брат на починатиот. Увидот на местото на настанот е извршен од страна ОЈО-Радовиш во содејство на Полициска станица Радовиш, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш и Регионален центар Исток“, потврдија за НОВА од МВР, пред два дена.

Сообраќајната несреќа во која загинаа двајцата мигранти, едниот од Пакистан, а другиот од  Шри Ланка се случи на 25 јуни годинава. Во несреќата беа повредени уште 17 мигранти, а возачот избега.

Во ОЈО велат дека случајот е во надлежност на  Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и е во фаза на истражна постапка.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.