Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Телата на загинатите мигранти два ипол месеца се во капелата во Бутел

1
By Менче Атанасова Точи on September 16, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 16, 2018 09:40

Иако МВР го знае нивниот идентитет, по обдукцијата тие биле заведени како непознати лица и во АД Бутел не дозволуваат да се погребаат се додека не ги идентификуваат нивните роднини

Телата на двајцата мигранти кои загинаа во сообраќајна несреќа пред два и пол месеци на патот Радовиш-Штип, се наоѓаат во капелата во Бутел. Но, иако МВР го знае нивниот идентитет, по обдукцијата тие биле заведени како непознати лица.

Од АД Бутел за НОВА потврдија дека телата се во капелата, но велат дека од таму никој не може да ги подигне бидејќи не се идентификувани.

„Телата се тука во капелата два ипол месеца, не се погребани. Потребно е да дојдат нивните роднини и да го потврдат нивниот идентитет“,велат во АД Бутел.

Од невладината Легис кои два и пол месеца трагаат по телата по институциите, потенцираат дека роднинините не се веќе во државата, заминати се одамна во некоја од европските земји и нема да можат да дојдат.

„Загинатите имаа кај себе лични документи кои по обдукцијата заедно со облеката им беа предадени на роднините“, велат во Легис.

Во МВР за НОВА потврдија дека е познат идентитетот на двајцата загинати, кои животот го загубија на 25.06.2018 година во 16,15 часот на магистралниот пат Радовиш – Штип, во близина на рудникот Бучим,кога товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, во кое биле превезувани мигранти излетало од коловозот и удрило во заштитна метална ограда од мост.

„Во несреќата на местото на настанот од страна на мртвопроверител од Здравствена установа Радовиш констатирана е смрт на две лица и тоа: С.А.Р. од Бангладеш чиј идентитет е утврден по пронајдена лична карта и другото лице С.А. – име кое е утврдено по кажување на еден од мигрантите, кој не бил брат на починатиот. Увидот на местото на настанот е извршен од страна ОЈО-Радовиш во содејство на Полициска станица Радовиш, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Радовиш и Регионален центар Исток“, се вели во одговорот на МВР.

Од МВР потенцираат дека од страна на Полициска станица во Радовиш целокупниот материјал со Известување се доставени до Основно јавно обвинителство во Радовиш.

„Бидејќи станува збор за мигранти истрагата е преземена од страна на ОЈО за гонење на Организиран криминал, а обдукција во Институтот за Судска медицина се врши по наредба на Јавен обвинител, по што извештај се доставува до нив“, велат од МВР.

Нема одговор од ОЈО зошто не била доставена службена белешка во Институот за Судска медицина, по што во Судска ги завеле како НН, односно непознати лица.

„Телата се обдуцирани кај нас на 26 јуни еден ден по несреќата, земена е ДНК по што се заведени како НН- непознати лица. Ова е направено така бидејќи од МВР не добивме службена белешка дека се идентификувани“, изјави пред два дена, Станков за НОВА.

Дали службената белешка ја доставува ОЈО или МВР и зошто не била доставена, останува да разјаснат овие две институции.

Додека не се расчисти целата оваа ситуација и да се најде евентуалниот пропуст, телата на загинатите ќе бидат во капелата. Тоа секако изискува големи финансиски трошоци што очигледно роднините нема да можат да ги платат.

Загинатите мигранти се млади луѓе едниот од Бангладеш, а другиот од Шри Ланка.

Од МВР велат дека е поднесена кривична пријава против неколку лица кои го организирале транспортот на мигрантите. Во сообраќајната несреќа  покрај двајцата загинати уште 17 други мигранти беа повредени.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.