Судијата известител во Уставниот суд Елена Гошева предлага да се поведе постапка за одлуката за распишување референдумот и да се изрече времена мерка и запирање на сите активности на извесен период.
Според неа, одлуката содржи повеќе правни недостатоци. Прашањето за референдумот, како што рече, е манипулативно, видот на рефередумот не е јасен, а не е наведен и целосниот назив на договорот од Преспа.
Со поинаков став е судијата Дарко Костадиновски, кој смета дека не треба да се поведе постапка за одлуката за распишување референдум, а на ист став се и судиите Осман Кадриу и Насер Ајдари.
Судијата Костадиновски рече дека има правни недостатоци, но оти тие не се суштински и не се причина за поведување постапка.
И судиите Влатко Стојановски, Вангелина Маркудова и Насер Ајдари во дискусијата исто така наведоа аргументи, кои според нив одат во прилог на тоа дека не треба да се поведе постапка.
Уставниот суд денеска треба да се произнесе за уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година. Подносители на иницијатиците се политичката партија Левица и Светскиот македонски конгрес.