Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Баша: Оние кои гласаат за уривање на Театартот се терористи

0
By Нова ТВ on September 19, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 19, 2018 21:50

Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша, ги предупреди пратениците на владејачката Социјалистичка партија дека доколку на утрешната седница го изгласаат законот за уривање на Националниот театар во Тирана, опозицијата ќе ги смета за терористи.

По средбата што вечерва ја оствари со претставници на тетарските уметници кои се против уривање на објектот, Баша изјави дека со усвојувањето на законот се отвора патот за сојуз меѓу алабснкиот премиер Еди Рама и компанијата „Фуша“, со цел „да се урне еден бисер од културното наследство, заради нивните финансиски и мафијашки интереси“.

Чекорот кој се очекува да го направи владејачкото мнозинство Баша го поистовети со државен удар.

– Сакам да им порачам на пратениците дека гласањето на овој закон е акт на државен удар и секој од нив го става на позиција еднаква со терористите, кои во услови на нефукнционирање на Уставниот суд ја уништуваат земјата и културното наследство, за да ги наполнат џебовите на Рама, порача Баша.

Законот, според најавата треба да се најде на дневен ред на утрешната седница на албанскиот Прламент, откако на 27 јули претседателот на Албанија, Илир Мета не го потпиша и го врати на повторно разгледување.

Во образоложението меѓу другото Мета оцени дека законот ги крши начелата на „еднаквост пред законот“ и „слободата на економското делување на граѓаните“, начела кои, како што нагласи, уживаат посебна заштита од Уставот.

Баша тогаш го предупреди премиерот Рама дека доколку се обиде да го урне театарот, таков евентуелен потег би бил најава за војна. – Ако поставите мини на Националниот театар, бидете сигурни дека мини ќе ставиме и во вашите згради, му порача Баѓа на Рама.

Законот беше усвоен на почетокот на јули со 75 гласови „за“ и без присуство на опозицијата, благодрание на гласовите на двајцата пратеници од Партијата за правда и национално единство, позната како „партија на Чамите“ и на пратеникот Роберт Битри, кој го напушти опозициското Социјалиситичко движење за интеграција.

Во меѓу време, „партијата на Чамите“ ја напушти владејачката коалиција и премина во редовите на обединете опозиција.

Националниот театар, кој се смета за еден од најубавите и најзначајните објекти по кој е препознатлива Тирана, е дело на италијанскиот архитекст Џулио Берте.

Тој почнал да се гради во 1938 по барање на албанското кралско семејство, а бил изграден следната година. Целиот комплекс „Национален театар“ oпфаќа површина од 13.000 квадратни метри, во кој освен тетарот, се наоѓаат и бибиолтека, центарот на преведувачи и информативен центар.

Владата на местото на театарот планира изградба на неколку повеќекатници, а нов театарски објхект ќе се гради на друга локација.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.